• Latest
Фото: Kirill Zharkoy on Unsplash

Русија означи како „странски агенти“ уште шест новинари на Радио Слободна Европа

January 11, 2022
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Русија означи како „странски агенти“ уште шест новинари на Радио Слободна Европа

January 11, 2022 21:29
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Kirill Zharkoy on Unsplash

Фото: Kirill Zharkoy on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Радио Слободна Европа (РСЕ) објави дека уште шест нивни новинари се означени како „странски агенти“ од Руската Федерација, со што овој медиум ја започна 2022 година со вкупно 18 руски новинари од сервисот на РСЕ што се означени како „странски агенти“ и кои се соочуваат со проценети казни од над 13 милиони долари според рускиот закон за „странски агенти“.

Од РСЕ велат дека станува збор за руска кампања што има за цел да ги замолчи независните медиуми и да ја прекине работата на нивниот сервис на руски јазик во оваа земја.

„Покрај 100.000-те војници што Русија ги распореди долж границите со Украина, исто така се интензивираа и насилничките акции на Русија против независносто новинарство. РСЕ ќе продолжи да му обезбедува на рускиот народ вести и информации што им се неопходни за да ја повикуваат нивната влада на одговорност“, изјави претседателот на Радио Слободна Европа, Џејми Флај.

Од РСЕ информираат дека на 30 декември минатата година Русија ги додала новинарите на РСЕ, Јелена Владикина и Иван Бељаев на списокот како индивидуални медиумски „странски агенти“, заедно со уште шест други руски интелектуалци, вклучувајќи ги и членовите на активистичка група „Пуси рајот“.

Ваквите означувања на новинарите како „странски агенти“ ги прави според контроверзниот закон подложни на тешки и инвазивни барања за финансиско известување и ги принудува да додаваат долги и законски задолжителни етикети на нивниот статус „странски агент“ во целокупната електронска кореспонденција или објавените содржини.

На 3 декември, за „странски агенти“ беа прогласени и новинарите на РСЕ Алина Григориева, Андреј Григориев, Регина Кисамова и поранешната соработничка Регина Гималова. И во октомври 2021 година, руските власти преку Министерството за правда додадоа пет новинари на РСЕ на списокот на „странски агенти“.

Како што јавува Радио Слободна Европа, со најновите дополнувања на списокот во Русија во моментов се означени дури 35 индивидуи како „странски агенти“, додека дополнителни 36 медиумски организации се прогласени за „странски агенти“. Покрај деветте сервиси на РСЕ и нивната медиумска подружница во Русија, Министерството за правда ги има додадено и медиумите Гласот на Америка, Медуза, ТВ Дожд, Медиазона, ОВД-Инфо и серија од други редакции на списокот за „странски агенти“.

Неколку дена пред новогодишните празници, ОВД-Инфо, руска организација за правна помош и човекови права, на 25 декември објави дека нејзината веб-страница е блокирана од Роскомнадзор, рускиот регулатор на интернет и медиумите, што претставува уште еден класичен обид за цензура на рускиот интернет простор.

Извор: Мета.мк

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ