МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА
Според Законот за вработените во јавниот сектор:
Забрана за политичко дејствување на работно место
Член 38
(1) Вработените во јавниот сектор, со членството во политичка партија и со учеството во партиските активности, не смеат да го доведат во прашање вршењето на работите и на работните задачи од работното место во институцијата.
(2) Вработените при вршењето на работите и на работните задачи не смеат да ги искажуваат или да ги застапуваат своите политички и партиски уверувања.
(3) Вработените во текот на работното време не смеат директно да учествуваат во изборни активности или во други јавни настапи од таков вид.
(4) Вработениот во институцијата во која ги извршува работите и работните задачи не смее на себе да носи или да истакнува партиски симболи во работните простории и во просториите на институцијата.
Функциите на кои се поставени овие луѓе не се партиски, туку државни.
Функционерите не се плаќаат од партиски туку од државни пари – пари на СИТЕ ГРАЃАНИ ВО ДРЖАВАТА.
Истакнувањето на партиски симболи значи дека овие луѓе јасно и гласно и во лице ни велат дека ќе ги дискриминираат сите оние кои не припаѓаат на нивната политичка партија.
Дискриминацијата е казнива и со Уставот и со законите. Ама, изгледа законите важат само за рајата, а за партиските хулигани сѐ е дозволено.
Се додека функционери се луѓе кои немаат намера да го почитуваат законот, и сѐ додека во Македонија наместо уставни и други судии има само клиенти на политичките партии, сѐ дотогаш Македонија нема да биде држава туку обичен смрден ќенеф кој секој паметен го избегнува.
Редакциска белешка: Објавено на ФБ во 2020 година. Секогаш актуелно. Нека служи како потсетник.