• Latest

Реакции: Итно потребна е доработка на законот за прогласување на денот недела како неработен ден

January 18, 2022
Фото: Скриншот од видео на British Embassy Kyiv/ X

Велика Британија ѝ порача на Русија да престане со „бесмисленото убивање“ откако беше погодена зградата на Британскиот совет во нападите врз Киjив, кои однесоа најмалку 21 жртва

August 28, 2025

Утрото на 28 август

August 28, 2025
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Реакции: Итно потребна е доработка на законот за прогласување на денот недела како неработен ден

January 18, 2022 14:38
in ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Законот за прогласувањето на денот недела за неработен ден сè уште е предмет на дискусии, нејаснотии и различни толкувања. Според ЦИВИЛ, тоа е закон со кој се дава значаен придонес кон унапредување на работничките права, но потребна е доработка.

Се чини дека освен кај Синдикатите, овој закон не наиде на одобрување токму кај оние за кој е наменет, работниците, а особено кај малите сопственици вклучени во  трговијата на мало со овошје и зеленчук. Овој закон отвора неколку прашања поврзани со работничките права, социјалната правда и еднаквоста, за што ЦИВИЛ веќе пишуваше и побара одговори од надлежните институции.

Некои одредби од законот се чудни и контрадикторни. Конкретно, изземањето на шопинг моловите и зелените пазари од забраната за работа во недела, со што работниците  се ставаат во нерамноправна положба.

Правните експерти при ЦИВИЛ анализираат:

„Новите закони за работни односи и законот за трговија имаат цел да придонесат кон заштитата на работниците и унапредување на работничките права, особено со одредбата за 50% поголема дневница и слободен ден, за работа во недела. Но, не може да се најде објаснување за издвојувањето на моловите од другите субјекти, како исклучоци за работа во недела, согласно со Законот за трговија. Нејасна е причината зошто овие објекти се ставени во исклучоци.“

Во јавноста и на социјалните мрежи може да се најде и ставот дека со законот за работни односи отсекогаш постоеле одредби за работа во неработни денови и дека немало потреба од носење посебен закон, туку само требало да се засили инспекциската контрола во спроведувањето на одредбите од законот од страна на работодавачите.

Состојбата на терен кажува дека и меѓу малите сопственици вклучени во  трговијата на мало со овошје и зеленчук владее незадоволство и збунетост од овие, според нив, дискриминирачки одредби во законот.

До ЦИВИЛ се обрати сопственичка на продавница за трговиј на мало со овошје и зеленчук од една општина во централниот дел на земјата која преку писмо ги изрази ставовите на субјектите кои се занимаваат со истата дејност во градот. Таа ги образложува аргументите поради кои сметаат дека новите одредби кои ја регулираат дејноста „Трговија на мало со овошје и зеленчук“ се дискриминирачки во однос на другите.

Таа пишува: „Сеедно што не станува збор за производствен процес кој не може да се сопре, природата на стоката од нашата дејност  бара брз обрт, односно, стоката не може да стои во својата првобитна состојба и да биде свежа подолг период. Од исклучителна важност за оваа дејност е квалитетот на стоката кој привлекува потрошувачи, па така, недела како неработен ден, би значело дека ние би морале да продаваме стока со послаб квалитет, со што свесно си го загрозуваме работењето“.

Според сопствениците на продавници за трговиј на мало со овошје и зеленчук, што често се мали семејни бизниси, нелогично е во недела да работат зелените пазари, на кои се продава иста стока како нивната, а за нивните фирми недела да е неработен ден. Тие понатаму аргументираат дека е неспорно да има ден за одмор за сите работници. Но, велат тие, ако е дозволено да работат компании за трговија на мало со храна (во кои трговијата ќе ја врши исклучиво сопственикот) и се разбира со платена неделна дневница која по автоматизам повлекува и повисоки давачки кон државата, дискриминирачки кон нивната дејност е да не се продава овошје и зеленчук, а да се продава секаков друг вид на храна.

„На зелените пазари, 95% од продавачите се трговци, а не производители , па со тоа, тие се директна и нелојална конкуренција“ – пишува сопственичката на на трговски дуќан за трговиј на мало со овошје и зеленчук од централниот дел на земјата – „Прашањето е, во кое поднебје во Македонија се одгледуваат мандарини, портокали, банани, па се продаваат од производители на зелени пазари? Без систем за фискализација, без данок на додадена вредност, без никакви придонеси за плати и други давачки кон државата, тие се дури и во предност, со тоа што имаат можност од цел еден ден плус да ја продаваат стоката која е со краток рок на траење т.е. брзо калира.“

Според нашиот извор, предвид треба да се земат сите трошоци со кои се изложуваат тие како трговци, како што се закупот на деловен простор, надоместоци за користење на јавната површина, грејните и разладните тела, плати за вработените, електрична енергија.

„Со тоа што трговците на зелените пазари не се изложени на овие трошоци, нас нè става во подредена позиција во однос на нив. Обврските што ние како фирми ги имаме кон државата и во целост си ги подмируваме, (за разлика од трговците на зелените пазари) треба да ни даде рамноправност пред законите. Законот по ниедна цена не треба да има селективна примена, правата кои произлегуваат од одредени законски регулативи треба да бидат еднакви за сите“ – категоричен е нашиот извор.

Сопствениците на малите продавници за трговиј на мало со овошје и зеленчук сметаат дека со овие законски одредби се влијае на динамиката на секојдневието на луѓето. Тие аргументираат дека брзиот начин на живот, големиот број на обврски, покрај работните (земање деца во и од градинка, разни вонучилишни и спортски активности), едноставно за потрошувачите значи нивно поинакво функционирање, па пазарењето останува за недела.

„Сето тоа има директно влијание и врз прометот на нашите компании. Или во пракса, еден ист наш муштерија, во текот на неделата пазари единствено продукти кои му недостигаат во моментот, додека во недела пазарува во поголеми количини со што си прави залиха за тековната недела, затоа што единствено тогаш има време да го прави тоа“ – реагираат сопствениците на малите продавници за овошје и зеленчук.

Понатаму, според нив, доколку овие законски измени не претрпат уште некоја модификација, во прашање ќе бидат доведени многу работни места на нивните вработени.

За надминување на овие, според сопствениците на малите продавници за трговиј на мало со овошје и зеленчук , дискриминирачки одредби, треба да се дозволи, односно, да се избрише таа дискриминирачка заграда со која зеленчукот и овошјето се одвоија од целиот асортиман на храна и да се дозволи сопственикот на трговијата сам да ја врши трговијата, со исплатена неделна дневница на плата, а во текот на наредната недела да има еден ден за неделен одмор. Со тоа се штити правото на работникот, што и било цел на донесувањето на овие измени, а сопственикот, доколку утврди економска оправданост, нека работи и во недела. Во спротивно, велат тие, се соочуваат со селективна правда.

Ставот на ЦИВИЛ по ова прашање, ја поздравува намерата да се заштитат и унапредат работничките права. Сепак, законското решение можеше и требаше да биде право на сите субјекти подеднакво да одлучуваат за недела како работен или неработен ден, а ако се одлучи да биде работен ден, да има обврска за додаток на дневница (+50%) и слободен ден за работникот. ЦИВИЛ е постојано на линија на заштита и унапредување на работничките права, и со својот тим им стои на располагање на работниците во остварување на нивните социјални, човекови и работнички права. Воедно, организацијата ќе испрати и писмено обраќање до Владата на оваа тема, со намера да помогне кон подобрување на законските регулативи и понатамошно унапредување на работничките права.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ