• Latest

Влошена епидемиолошката состојба – расте бројот на новозаразени и на реинфекции

January 19, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Влошена епидемиолошката состојба – расте бројот на новозаразени и на реинфекции

January 19, 2022 13:13
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

За една третина (33,9 отсто) е зголемен бројот на нови КОВИД-случаи од 10 до 16 јануари споредено со претходната седмица односно дијагностицирани биле 11 123 од направени 45 401 тест и просекот на позитивност бил 24,4 отсто. Епидемиолошките информации укажуваат дека земјата се наоѓа во пик на заразата и затоа, по препорака на Главниот координативен кризен штаб, Владата донесе одлука второто полугодие за околу 255 илјади ученици наместо утре да почне на 1 февруари.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, од минатиот до понеделникот оваа недела, половина од заразените (50,6 проценти т.е. 5630) се од Скопје. Најзастапена возрасна група кај инфицираните е од 30 до 39 години. Зголемување на бројот на заболени има кај сите возрасни групи, особено кај лицата над 60 години, со раст од 99,6 отсто и кај тие од 50 до 59 – со зголемување од 90,3 отсто во однос на претходната недела. Во текот на минатата недела пријавени биле 1247 реинфекции, што споредено со неделата претходно е зголемување од 31,8 проценти. Од вкупно 96 позитивни примероци на SARS-CoV-2, кај 57 (59,4%) е детектиран сојот омикрон, откриен во седум градови (Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија), пренесува МИА.

Неделниот извештај на ИЈЗ покажува и дека од 10 до 16 јануари имало 55 смртни случаи од КОВИД-19, во 15 градови, што е за 34,1 проценти повеќе од минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (22) и се луѓе над 60 години. На болничко лекување се 439 лица што е една четвртина повеќе во споредба со претходна недела.

 

Со новите 2269  КОВИД-случаи од  последното деноноќие, од кои 1169 се во Скопје и 310 се реинфекции, дијагностицирани со коронавирус во земјава од почетокот на епидемијата достигна  247 663. Активни случаи има 17 218 и од нив 9167 се во главниот град. Четирицифрен број активни има Битола (1516), речиси илјада (960) се во Прилеп, а над триста имаат Куманово (662), Охрид (548), Кавадарци (426),Струмица (345) и Велес (327).

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ