• Latest

Комисијата за заразни болести предлага пократка изолација на Ковид-позитивните, рано е за укинување на сертификатите

January 22, 2022
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Комисијата за заразни болести предлага пократка изолација на Ковид-позитивните, рано е за укинување на сертификатите

January 22, 2022 10:11
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот на следната недела ќе биде познато дали изолацијата на лица позитивни на Ковид-19 ќе се намали од десет на седум дена. Иако новиот Омикрон сојот се шири многу брзо, сепак надлежните тврдат дека болниците во земјава уште имаат капацитет за исполнување. Во меѓувреме продолжува апелот до граѓаните да продолжат со вакцинацијата.

Препораката за скратување на изолацијата доаѓа по вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Беким Сали изјави дека оваа одлука не е конечна, затоа што, како што рече, во идниот период состојбата со новозарезани ќе се следи и соодветно ќе се носат препораки и одлуки.

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Инаку, болничките капацитети во земјава за ковид пациенти се исполнети околу 60 отсто, од аспект на кревети, што значи болниците се уште имаат капацитет за исполнување. Тоа се општите болници по градовите, Инфективната клиника и „8 Септември“. Сепак, министерот за здравство посочи дека се преземаат мерки за подготвеност и за во текот на идната недела.

Во однос на задолжителното покажување на ковид сертификати, министерот за здравство потенцираше дека уште е рано да се зборува за нивно укинување, затоа што нивото на вакцинација на населението во земјава е многу помало во однос на другите земји.

Продолжува и апелот за вакцинација, бидејќи според министерот, досегашните резултати не ни покажуваат дека нашата популација е доволно имунизирана.

Целта е, вели Сали, да се постигнат барањата кои веќе се исполнуваат во други држави, а се релевантни барања и на почитувани професори или лица кои даваат јавни изјави и повици.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во моментов во ковид-центрите во болниците се лекуваат 512 пациенти.

Од нив, 177 се во ковид – центрите во Скопје, а 335 на инфективните одделенија во другите градови. Според дневната евиденција, во моментот има 188 слободни кревети за пациенти со компликации од Ковид-19.

-Модуларните болници се отвораат во услови кога се пополнети капацитетите на инфективните оделенија во рамки на болниците, потенцираа од Министерството.

Инаку, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 2.071 нов случај на КОВИД-19 од направени 6.010 тестови. Оздравеми се 1.450 пациенти, а починале 11 лица.

Досега во земјава се направени вкупно 1.733.866 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 252.947. Бројот на оздравени пациенти е 225.056, на починати е 8.177. Има 19.714 активни случаи.

Во меѓувреме, новиот сој Омикрон лесно се шири и во земјите во регионот и светот. Во Грција вчера беа откриени два случаја на Омикрон 2, што е подваријанта на Омикрон сојот, наречена ΒΑ.2 или 21L, и тоа кај патници кои пристигнале од странство и се наоѓаат во изолација.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција објаснија дека конкретната подваријанта е дел од поголемата група 21M, позната како сојот Омикрон, а меѓу другите подваријанти е и 21K (ΒΑ.1) која е моментално раширена во светот.

Од новата подваријанта недостига “S-gene drop out” ή SGTF што се користи за откривање на Омикрон со молекуларните тестови и затоа ΒΑ.2 или 21L се карактеризира како подгрупа „stealth“. Засега е непознато дали дополнителините седум мутации на S (Spike) протеинот ја прават новата подваријантата BA.2 поразлична и не постојат доволно податоци дали има зголемена можност да го избегне постоечкиот имунитет или да донесе зголемено заразување.

Во меѓувреме, во Франција, и покрај рекордните бројки на заразени со Ковид-19, ќе се олеснат рестриктивните мерки.

Францускиот премиер Жан Катекс и министерот за здравство Оливие Веран наместо нови рестрикции, како што би требало да се очекува според бројот на рекордните зарази со Кавад-19, најавија агенда за олеснување на рестриктивните мерки. Со желба, по две години криза и неполни 80 дена пред претседателските избори да им се даде „повеќе видливост“ на Французите, јави дописникот на МИА.

Во однос на состојбата со Ковид-19 во светот, САД ќе бараат задолжително вакцинирање против Ковид-19 за работниците кои ја минуваат копнената граница.

Американското Министерство за домашна безбедност (DHS) најави дека есенцијалните работници, како што се возачите на камиони и медицинските сестри, кои ја преминуваат границата на копнените премини, од утре ќе мора да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ