• Latest

И Бугарија ги формираше работните групи во пресрет на меѓувладината седница во вторник

January 22, 2022

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И Бугарија ги формираше работните групи во пресрет на меѓувладината седница во вторник

January 22, 2022 18:09
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

И бугарската Влада ги формира работните групи за соработка со Северна Македонија, кои треба да го интензивираат процесот на приближување и да го отворат патот за решавање на спорот меѓу двете земји, во рамки на новиот пристап и динамика, кои беа најавени од премиерите на двете земји, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, пренесува информативната агенција МИА.

Со наредба на премиерот, Петков, како што се наведува во соопштение на бугарскиот Министерски совет формирани се четирите меѓуресорски групи за соработка со Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во меѓувладината група за соработка во областите економија, трговија и иновации копретседавачи се заменик-премиерот за економија и индустрија и министер за економија, Корнелија Нинова, вицепремиерот за еврофондовите и министер за финансии, Асен Василев и министерот за иновации и раст, Даниел Лорер. Во работната група ќе членуваат претставници на Министерството за економија и индустрија, Министерството за иновации и раст, Министерството за земјоделство, Министерството за надворешни работи и на администрацијата на Владата.

Копретседавачи на работната за инфраструктура, транспорт и поврзување се вицепремиерот за регионален развој и јавни работи и министер за регионален развој и јавни работи Гроздан Караџов, министерот за транспорт и врски Николај Сабев и министерот за енергетика Александар Николов. За членови на работната група се именувани претставници на Министерството за регионален развој и јавни работи, Министерството за транспорт и врски, Министерството за енергетика, Министерството за надворешни работи и администрацијата на Советот на министри.

Третата работна група е за европската соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација и владеење на правото. Копретседавачи се вицепремиерот за климатски политики и министер за животна средина и води Борислав Сандов, вицепремиерката за ефикасно владеење Калина Константинова и министерката за правда Надежда Јорданова. Во работната група учествуваат претставници на Министерството за животна средина и води, Министерството за правда, Министерството за електронска влада, Министерството за надворешни работи и администрацијата на Советот на министри.

Четвртата меѓуресорска група ќе работи во областите на културата, науката и образованието и младите. Копретседавачи се министерот за образование и наука Николај Денков, министерот за култура Атанас Атанасов, министерот за туризам Христо Проданов и министерот за млади и спорт Радостин Василев. За членови на работната група се именувани претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за култура, Министерството за туризам, Министерството за млади и спорт и администрацијата на Владата.

Премиерите најавуваа пет работни групи, петтата е историската, но двете влади не формираа засебна работна група, а според она што го кажаа Ковачевски и Петков на прес-конференцијата во Скопје, оваа област ја покрива Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, но не прецизираа дали ќе остане да работи во сегашниот формат.

Согласно наредбата на Петков, копретседавачите на секоја од работните групи, ќе ротираат при претседавањето со состаноците на соодветната група, согласно темите, кои ќе бидат поставени на дневен ред.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ