• Latest

ССНМ и ЗНМ: Укинувањето на спортската редакција е уште еден притисок врз новинарите во ТВ Алфа

January 24, 2022
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: Принтскрин

Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Генералниот секретар на Советот на Европа загрижен поради протестите во Србија: Власта да го почитуваат правото на мирно собирање

August 15, 2025
Фотографија: МИА Архива

Министерот за одбрана на САД Хегсет ќе се придружи на самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025

24 ЧАСА: Кривична за екс- претседателка на ДКСК – обвинува за притисок од власта; Путин на гости кај Трамп; судири, солзавец и демолирање на протестите во Србија; САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

August 15, 2025
Фотографија: МИА

Екс-антикорупционерката Ивановска доби кривична – обвинува за притисок од власта

August 15, 2025

МВР поднесе кривична против директорката од Демир Хисар за одземање или уништување службен печат или спис

August 15, 2025
Фото: УТМС. Скопје / Инстаграм

(РЕПРИНТ) Гордиевиот јазол – Антикорупциска, Цвета Ристовска и инкриминираната диплома на директорот на АНБ

August 15, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ССНМ и ЗНМ: Укинувањето на спортската редакција е уште еден притисок врз новинарите во ТВ Алфа

January 24, 2022 15:59
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Секцијата на спортски новинари при ЗНМ најостро ја осудуваат одлуката на раководството на ТВ АЛФА да ја укине спортската редакција во оваа национална телевизија. Неоправданото укинување на спортската програма претставува дополнителен притисок кон новинарите и медиумските работници во овој медиум и уште една закана за нивниот работен однос во телевизијата.

Цениме дека укинувањето на спортската програма е импулсивна одлука која не придонесува за подобрување на односите внатре во оваа телевизија и од тие причини истата бараме да се преиспита и да се повлече.

Со оглед на неодамнешните случувања поврзани со незадоволството поради неисплатени плати што беше артикулирано преку синдикатот на ТВ Алфа и синдикалниот претставник кој е дел од редакцијата, имаме сериозни причини да веруваме дека оваа одлука на менаџментот е одмазда кон нашиот колега кој е гласен за проблемите за работничките права во овој медиум.

Според нашите колеги од ТВ Алфа, спортската програма има одлична гледаност и популарност и во споредба со некои други програмски содржини во телевизијата, што дополнително говори дека оваа одлука нема економска логика, туку има за цел да се заплашат новинарите и медиумските работници, а на штета и на публиката. На овој начин наместо да се решава незадоволството што е присутно помеѓу вработените пред се поради повредите на нивните права, менаџментот се одлучува да се пресметува со дел од новинарите преку злоупотреба на својата положба, посочуваат со ССНМ и ЗНМ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ