• Latest
Добро утро со Орданоски

Во реформите е клучот, а не во „масирање“ на јавната перцепција

January 25, 2022
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Во реформите е клучот, а не во „масирање“ на јавната перцепција

Ох, власта е сѐ, само не е безгрешна, а работата на опозицијата е да ја „лови“ власта во сите нејзини пропусти. Но, за тоа да биде веродостојно и од интерес на пошироката јавност, а не само поради желбата што поскоро да се сруши власта од власт, упатно е објавените „афери“, „скандали“ и „криминали“ барем понекогаш да бидат проследени и со уверливи докази, а не со рекла-казала импровизации што ќе ги полнат пропагандните портали и профилите по социјалните мрежи

January 25, 2022 06:30
in ДЕЗИНФО, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Еве како изгледа тоа со пропагандно затрупување на јавноста кога се инсистира само на ширење на негативна енергија, непроверени вести и произволни конструкции кои треба да докажат дека во државава не се случува ништо друго, освен „криминалите на власта“. И тоа само во еден викенд, минатиот…

Прво беше спектакуларната саботна најава дека извесен регионален пробисвет Радоје Звицер, за кого српските власти наводно добиле Европол дојава дека подготвувал атентат врз тамошниот претседател Вучиќ (нормално, вмровските полицајско-безбедносни извори се секогаш импресионирани од заканите врз Вучиќ), имал македонски пасош нелегално издаден пред година-две, во онаа афера „Двојник“ (што ја откри опозицијата) кога паднаа повеќе службеници на МВР кои, за убави пари, штанцале фалц-оригинали на македонски пасоши… Неколку часа потоа, МВР демантираше дека овој едикојси бил „среќен добитник“ на таков пасош. Аферата се издиша уште пред да се надуе, иако дуењето може и да продолжи неделава.

Паралелно течеше јавното „черечење“ на поранешниот градоначалник на Гази Баба Борис Георгиевски кој, според портпаролот на опозицијата Димче Арсовски, додека бил на власт склучил наводно коруптивен договор за одржување на уличното осветлување во општината. По демантите на Георгиевски дека не станува збор за никаков криминал, се испостави дека и сегашниот вмровски градоначалник го продолжил истиот проект, со нова општинска буџетска ставка, а слични проекти се изведуваат и во повеќе други општини во државата, па и во Градот Скопје. Следува кривична пријава за клевета од Георгиевски за Арсовски.

На ред дојде и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов (кои одбија да го напуштат тековното владино мнозинство) чиј директор на Јавни паркинзи во градот Скопје наводно издал стотици бесплатни месечни карти за паркирање на функционери од власта. Демократскиот сојуз не само што ги демантираше овие тврдења, обвинувајќи дека се „монструозна конструкција“ потпрена врз ексел-табели кои ги произвеле самите паркинг-активисти на ВМРО-ДПМНЕ, туку најави и тужби за клевета, истовремено потсетувајќи на времето кога токму сегашната опозиција делела годишни карти на своите функционери за по 500 денари, сума што била покачена на 10.000 денари по нивното своевремено губење на власта во Градот.

И така натаму. Секој ден нова наводна криминална афера на власта, спакувана во прашања, сомневања, дилеми… Без докази, но со повици „надлежните институции во државата“ итно да се зафатат со нивно расчистување. Во Јавното обвинителство би требало да се воспостави постојано дневно дежурство на барем еден обвинител кој би постапувал само по прес-конференциите на опозицијата.

Ох, власта е сѐ, само не е безгрешна, а работата на опозицијата е да ја „лови“ власта во сите нејзини пропусти. Но, за тоа да биде веродостојно и од интерес на пошироката јавност, а не само поради желбата што поскоро да се сруши власта од власт, упатно е објавените „афери“, „скандали“ и „криминали“ барем понекогаш да бидат проследени и со уверливи докази, а не со рекла-казала импровизации што ќе ги полнат пропагандните портали и профилите по социјалните мрежи.

(Мала забавна дигресија во истиот пропаганден контекст: бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во Скопје, вчерашните наслови по нивните портали за зимските состојби во скопската Зоолошка градина беа „Преку ден играње во снегот, навечер на топличко“, „Снежна идила во скопската Зоолошка градина“, „Како жителите на ЗОО Скопје уживаат на снегот“… Срцки! Да беше СДСМ надлежна и минатиот викенд за скопската Зоолошка, насловите бездруго ќе беа за „Суровите услови во ЗОО Скопје“, „Животните смрзнуваат, додека функционерите се топлат“, „Снегот предизвика хаос во Зоолошката градина“ и сл.)

Всушност, не е дека ВМРО-ДПМНЕ не си ја исполнува целта: нивната намера е во Македонија, по секоја цена, да се одржува перцепцијата дека сѐ е корумпирано и криминално и дека владее „општ хаос во државата“. Нормално, таквата перцепција не ја произведува само опозицијата, но нејзината добро организирана партиска и пропагандна машинерија редовно ја подмачкува и храни, до ниво на постигнување на толку „прекумерна тежина“, што за намалувањето на корупциската „обесност“ во земјава не помагаат редовни антикорупциски реформски „диети“, туку само радикални мерки: промена на власта! И тоа со истата постава заради која и почнавме корупциски да се „дембелееме“.

Одговорот по кој би можел да посегне и оваа власт е оној според рецептот на Груевски, да почне „телевизиска“ борба против, наводно, корумпираните и криминализирани структури и поединци, со спектакуларни полициско-обвинителски прес-конференции, со „протечени“ службени ексклузивитети од сомневањата по порталите и телевизиски преноси во живо од апсењата и приведувањата со лисици на рацете на осомничените. Тоа, сигурно, ќе има ефект врз перцепцијата на јавноста која обожува такви циркузијади. Но, знаеме како сета таа тривијализација на борбата против корупцијата заврши своевремено, кога стотици (и) невини беа спроведени, притворани и јавно посрамотени, пред судењата и да им почнат, за тогашните пропагандни антикорупциски потреби на режимот, додека вистинските милионски грабежи се случуваа со индустриска ефикасност зад телевизиските камери.

Решението со криминалот и корупцијата во земјава, сепак, мора да е во продолжувањето на реформите на државната администрација и судството, без компромиси и одлагања, за што е најодговорна власта. Само таа „перцепција“ е суштински важна. Другото е политикантска пропагандна забава за народ во корист на општата штета.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ