• Latest

ИЈЗ: Зголемен бројот на позитивни случаи и реинфекции со Ковид-19

January 25, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

ИЈЗ: Зголемен бројот на позитивни случаи и реинфекции со Ковид-19

January 25, 2022 10:15
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот од 17 до 23 јануари годинава регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи на Ковид-19 од 35 градови во државата, што претставува зголемување од 4,5 отсто во однос на минатата недела кога беа заболени 11.115 лица. Процентот на позитивност се движи од 23,6 до 34,4 отсто, или просечно 29,1 отсто. Пријавени се и 1.559 реинфекции или за 25 отсто повеќе, како и 97 смртни случаи, односно за 76,4 отсто повеќе во однос на минатата недела, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во деталниот извештај за состојбата со Ковид-19.

Според неделниот извештај на ИЈЗ, во периодот од 17 до 23 јануари се тестирани 39.289 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е намалување од 15,6 отсто во однос на минатата недела.

 

-Најголем дел од регистрираните случаи 6.045 или 52,6 отсто се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево односно 1.127,9 позитивни лица на 100.000 жители. Процентот на позитивност се движи од 23,6 до 34,4 отсто или просечно 29,1 отсто. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30 до 39 години со 2.711 заболени или 23,4 отсто и од 40 до 49 години со 2.424, односно 20,9 отсто. Најмал број 267 или 2,3 отсто е регистриран кај возрасната група од 0 до 9г години. Се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група над 0 до 9 години со зголемување од 30,9 отсто и возрасната група постари од 60 години со зголемување од 17,1 отсто во однос на претходната недела. Се регистрира намалување на бројот на заболени кај возрасните групи од 10 до 19 години за 15,3 отсто и од 20 до 29 години за 18 отсто во однос на минатата недела, соопшти ИЈЗ.

ОД ИЈЗ информираат дека со статус „оздравени“ се стекнале 7.627 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

-Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, со зголемување од 25 отсто во однос на претходната недела. Пријавени се 97 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, односно за 76,4 отсто повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив 38 се од Скопје. Во однос на возраста, најголем број 85 или 87,6 отсто од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се и осум починати лица кај возрасната група од 50 до 59 години, по две кај возрасните групи од 40 до 49 години и од 30 до 39 години, посочуваат од ИЈЗ.

 

Од почетокот на вакцинацијата на 17.02.2021 заклучно со 22 јануари годинава вкупно се вакцинирани 864.759 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 841.143 лица, а со трета доза се вакцинирани 122.752 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 17 до 23 јануари 2022 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/. , пренесува МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ