Балканот е полн со оружје, има дилери кои вршат нелегална трговија со оружје. Процедурите да се добие дозвола за оружје е претешка и не кореспондира со условите во кои живееме денеска, вели Дејан Андоновиќ, новинар, уредник, аналитичар, за ЦИВИЛ.
„Ако наследите оружје, а немате дозвола, треба законски да го пријавите во првата полициска станица, да го предадете оружјето. Зошто лична своина да предадам? Ако не го предадам оружјето што ми остана во фиока наслество од роднините, тоа се смета за нелегално оружје. А верувам дека многу семејства во Македонија го имаат тој проблем и тоа е парадокс, наместо да се олесни процедурата за поседување на оружјето, а не и за носење. Тие ти викаат врати го оружјето во МВР и потоа треба да полагаш за тоа оружје, а за да положиш треба цел факултет да завршиш“, истакна Андоновиќ.
Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети