• Latest

Барањето за укинување на „Пржинската влада“ прво на превод на албански, а потоа пред пратениците, холокаустот е лекција за иднината, наставата да почне со физичко присуство

January 26, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Барањето за укинување на „Пржинската влада“ прво на превод на албански, а потоа пред пратениците, холокаустот е лекција за иднината, наставата да почне со физичко присуство

January 26, 2022 17:10
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пржинската влада чека превод на албански, но и консензус за да биде укината

Измените на законот за Влада со кои се укинува таканаречената „пржинска влада“ ќе почекаат Собранието да расправа за нив, бидејќи претседателот на Собранието Талат Џафери на собраниската седница рече дека предлогот не е на дневен ред бидејќи се уште не е преведен и доставен до пратениците, пренеува Слободен печат.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на собраниската седница побара претседателот на Собранието, Талат Џафери да го дополни дневниот ред со нивниот Предлог законот за измени на Законот за Влада за укинување на таканаречената пржинска влада.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Мора да се сеќаваме на холокаустот, тоа е неопходно за да се обезбеди дека Европа нема да тргне по истиот мрачен пат како во минатото. ЕУ беше изградена врз пепелта на Холокаустот… Последните преживеани од холокаустот починуваат и Европа станува се помултиетична и разновидна со млади луѓе кои немаат никаква врска со преживеаните од холокаустот“, рече Катарина фон Шнурбеин, координаторката на Европската комисија за борба против антисемитизмот и унапредување на еврејскиот живот. 

*

„Ние не само што ги почитуваме и паметиме шесте милиони Евреи, Роми, Словени, лица со попреченост, ЛГБТ лица и други поединци убиени од нацистите и нивни соработници, туку преземаме конкретни активности за борба против загрижувачкиот пораст на семитизмот и негирањето на холокаустот или неговото искривување“, рече Ерик Мејер, заменик шефот на Мисија во Амбасадата на САД.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕАКЦИЈА Лекарската комора реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување, кое, како што се посочува во соопштението, се случува во време во кое целиот здравствен систем, а особено докторите од примарното здравство се исцрпени од борбата со пандемијата предизвикана од Ковид-19.

ПОДДРШКА Амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата држава, Рејчел Галовеј потврди дека Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Северна Македонија и нагласи дека двете страни ќе продолжат да работат заедно во правец на просперитет на земјата, со акцент на засилена соработка на полето на дигитализацијата, владеење на правото и професионализација на институциите.

ЖИВОТНА СРЕДИНА Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број  предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје, е заклучокот од студијата на регионалната кампања „Обединет Балкан за чист воздух“.

ИНТЕГРАЦИИ Бугарскиот премиер Кирил Петков в петок ќе реферира пред пратениците во Собранието на Бугарија за резултатите од неговата посета на Скопје минатата недела, како и од средба на владите на двете земји што се одржа вчера во Софија, пренесува информативната агенција МИА.

БЕГАЛЦИ Државите, како што посочи претседателот Стево Пендаровски, ја имаат главната одговорност кога станува збор за заштитата на бегалците и човековите права. Затоа, како што додаде, мораме да предничиме во исполнувањето на обврските преземени со Глобалниот договор за бегалците и Глобалниот форум за бегалци.

ОБРАЗОВАНИЕ По денешниот состанок на кој се разгледувала епидемиолошката состојба во земјава, Комисијата препорачува почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи. Инаку, почетокот на второто полугодие се одложи. Учениците во училишните клупи се враќаат од 1 февруари.

ДИСТРИКТ

Во ДИСТРИКТ на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Самка Ибраимовски, стопанственик, политичар, музичар, афоризмичар… Тој зборува за себе и личните битки, бизнисот и политиката, пријателите и оние другите, Ромите и негрижата на државата и за уште по нешто.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Да се случеше годинава Македонија да ПАДНЕ за 24 места во годишниот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, верувам дека тоа ќе беше главната вест на неделата (што ќе се „растегнува“ цела година) за сите медиуми, политички фактори, невладини организации, коментатори и други модератори на овдешното јавно мнение. Ќе имаше посебни (и посебно хистерични) прес-конференции, дузина дебатни емисии, специјални прилози и соопштенија со кои ќе бевме преплавени за „општиот хаос во државава“ и за „криминалите на власта“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Катастрофа: Словенија забележала пад од 6 места на Индексот за корупција!“.

„Во врска со евентуалниот ангажман на македонски војници при ескалација на конфликтот, министерката изјави дека ангажманот на нашата Армија, како и на армиите на сите други земји членки на НАТО, се дефинира на конференциите за генерирање на сили кои конкретно за оваа тема се одржуваат под координација на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО. На овие конференции секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно сопствените можности. Во овој момент, нашата армија како дел од тие структури има обврска и веќе изготвува анализи за можностите за потенцијално наше учество, односно ангажман.

Во ниту една од изјавите на министерката не беше спомнато објавување војна на Русија ниту пак тргнување со војската на Македонија кон Русија. Меѓутоа токму такви конструкции беа направени во редица медиуми и овие конструкции (не самите изјави или делови од изјавите на министерката) беа искористени како основа за лавина од омаловажувачки, исмејувачки и навредливи коментари и квази-анализи“, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Кога критиката ќе ја загуби смислата“.

“Ангажирањето на АД ЕСМ и на државата во снабдувањето со гас треба да спречи дополнително продлабочување на кризата со снабдување и со електрична енергија, со оглед на тоа што во недостиг на парно греење голем број од семејствата би се префрлиле на греење на струја, а тоа би добело до енормно зголемување на потрошувачката на електрична енергија. Значи се работи за изнудена одлука откако „јајцето дојде на газот“. Што би рекле постарите „удолу длабоко, угоре високо“, пишува Јове Кекеновски во колумната „Па каде го има ова луѓе мои?! Невидена анархија и арамилак, а сите молчат“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ