ВЕСТ НА ДЕНОТ
Пржинската влада чека превод на албански, но и консензус за да биде укината
Измените на законот за Влада со кои се укинува таканаречената „пржинска влада“ ќе почекаат Собранието да расправа за нив, бидејќи претседателот на Собранието Талат Џафери на собраниската седница рече дека предлогот не е на дневен ред бидејќи се уште не е преведен и доставен до пратениците, пренеува Слободен печат.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на собраниската седница побара претседателот на Собранието, Талат Џафери да го дополни дневниот ред со нивниот Предлог законот за измени на Законот за Влада за укинување на таканаречената пржинска влада.
„Мора да се сеќаваме на холокаустот, тоа е неопходно за да се обезбеди дека Европа нема да тргне по истиот мрачен пат како во минатото. ЕУ беше изградена врз пепелта на Холокаустот… Последните преживеани од холокаустот починуваат и Европа станува се помултиетична и разновидна со млади луѓе кои немаат никаква врска со преживеаните од холокаустот“, рече Катарина фон Шнурбеин, координаторката на Европската комисија за борба против антисемитизмот и унапредување на еврејскиот живот.
*
„Ние не само што ги почитуваме и паметиме шесте милиони Евреи, Роми, Словени, лица со попреченост, ЛГБТ лица и други поединци убиени од нацистите и нивни соработници, туку преземаме конкретни активности за борба против загрижувачкиот пораст на семитизмот и негирањето на холокаустот или неговото искривување“, рече Ерик Мејер, заменик шефот на Мисија во Амбасадата на САД.
ФЛЕШ ВЕСТИ
РЕАКЦИЈА Лекарската комора реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување, кое, како што се посочува во соопштението, се случува во време во кое целиот здравствен систем, а особено докторите од примарното здравство се исцрпени од борбата со пандемијата предизвикана од Ковид-19.
ПОДДРШКА Амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата држава, Рејчел Галовеј потврди дека Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Северна Македонија и нагласи дека двете страни ќе продолжат да работат заедно во правец на просперитет на земјата, со акцент на засилена соработка на полето на дигитализацијата, владеење на правото и професионализација на институциите.
ЖИВОТНА СРЕДИНА Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје, е заклучокот од студијата на регионалната кампања „Обединет Балкан за чист воздух“.
ИНТЕГРАЦИИ Бугарскиот премиер Кирил Петков в петок ќе реферира пред пратениците во Собранието на Бугарија за резултатите од неговата посета на Скопје минатата недела, како и од средба на владите на двете земји што се одржа вчера во Софија, пренесува информативната агенција МИА.
БЕГАЛЦИ Државите, како што посочи претседателот Стево Пендаровски, ја имаат главната одговорност кога станува збор за заштитата на бегалците и човековите права. Затоа, како што додаде, мораме да предничиме во исполнувањето на обврските преземени со Глобалниот договор за бегалците и Глобалниот форум за бегалци.
ОБРАЗОВАНИЕ По денешниот состанок на кој се разгледувала епидемиолошката состојба во земјава, Комисијата препорачува почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи. Инаку, почетокот на второто полугодие се одложи. Учениците во училишните клупи се враќаат од 1 февруари.
ДИСТРИКТ
Во ДИСТРИКТ на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Самка Ибраимовски, стопанственик, политичар, музичар, афоризмичар… Тој зборува за себе и личните битки, бизнисот и политиката, пријателите и оние другите, Ромите и негрижата на државата и за уште по нешто.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Да се случеше годинава Македонија да ПАДНЕ за 24 места во годишниот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, верувам дека тоа ќе беше главната вест на неделата (што ќе се „растегнува“ цела година) за сите медиуми, политички фактори, невладини организации, коментатори и други модератори на овдешното јавно мнение. Ќе имаше посебни (и посебно хистерични) прес-конференции, дузина дебатни емисии, специјални прилози и соопштенија со кои ќе бевме преплавени за „општиот хаос во државава“ и за „криминалите на власта“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Катастрофа: Словенија забележала пад од 6 места на Индексот за корупција!“.
„Во врска со евентуалниот ангажман на македонски војници при ескалација на конфликтот, министерката изјави дека ангажманот на нашата Армија, како и на армиите на сите други земји членки на НАТО, се дефинира на конференциите за генерирање на сили кои конкретно за оваа тема се одржуваат под координација на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО. На овие конференции секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно сопствените можности. Во овој момент, нашата армија како дел од тие структури има обврска и веќе изготвува анализи за можностите за потенцијално наше учество, односно ангажман.
Во ниту една од изјавите на министерката не беше спомнато објавување војна на Русија ниту пак тргнување со војската на Македонија кон Русија. Меѓутоа токму такви конструкции беа направени во редица медиуми и овие конструкции (не самите изјави или делови од изјавите на министерката) беа искористени како основа за лавина од омаловажувачки, исмејувачки и навредливи коментари и квази-анализи“, пишува Мирјана Најчевска во колумната „Кога критиката ќе ја загуби смислата“.
“Ангажирањето на АД ЕСМ и на државата во снабдувањето со гас треба да спречи дополнително продлабочување на кризата со снабдување и со електрична енергија, со оглед на тоа што во недостиг на парно греење голем број од семејствата би се префрлиле на греење на струја, а тоа би добело до енормно зголемување на потрошувачката на електрична енергија. Значи се работи за изнудена одлука откако „јајцето дојде на газот“. Што би рекле постарите „удолу длабоко, угоре високо“, пишува Јове Кекеновски во колумната „Па каде го има ова луѓе мои?! Невидена анархија и арамилак, а сите молчат“.
Д. Муратов