• Latest

Стојанов: Не е оправдано барањето учениците да ги тргнат маските

January 27, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Стојанов: Не е оправдано барањето учениците да ги тргнат маските

January 27, 2022 10:40
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Не е оправдано барањето да не се носат маски додека трае наставата, посебно не сега во период кога имаме и по над 2.000 нови ковид случаи на ден, предупредува епидемиологот д-р Александар Стојанов за новинската агенција Мета. Ова следува по иницијативата на граѓани „Стоп за носењето маски во училиштата“, да престане задолжителното носење маски во училиштата. Д-р Стојанов вели дека во време кога имаме сој кој брзо се шири, воопшто не е паметно децата да не носат маски.

„Не треба да забораваме дека 1 отсто од заразените со Омикрон умираат.
Сега баш не треба да се тргнат маските, не е моментот. Од друга страна, нема распространетост на вирусот меѓу децата. Дали треба да има?“, прашува Стојанов.

Децата не се гушат со носењето маски, додава тој.

„Нема ништо да им биде. Ова не е гас маска за да се гушат. Луѓето треба да знаат дека Омикрон остава последици. Какви последици ќе дознаеме допрва“, предупредува епидемиологот.

Истото мислење го дели и д-р Злате Мехмедовиќ.

„Апсолутно е неоправдано ваквото барање за неносење маски на училиште. Иницијативата е неоснована, а барањето е нелогично“, смета Мехмедовиќ.

Во соопштението до медиумите од Иницијативата, стои дека родителите кои ја поддржуваат, се категорични во намерата дека со почетокот на второто
полугодие, нема да ги пуштаат децата со маски на училиште.

Инаку, заради големиот број ковид случаи, надлежните одлучија зимскиот распуст да биде продолжен до 1 февруари. Сé уште нема одлука за тоа дали наставата ќе се изведува онлајн или со физичко присуство.

Според последниот неделен извештај на Институтот за јавно здравје, во последните седум дена регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи.Изминатата недела од Ковид починале 97 лица, за 76,4 отсто повеќево однос на предходниот период. Најголем дел од нив се од Скопје.

Од почетокот на пандемијата до сега од ковид во земјава заболеле речиси 260.000 лица, а починаа 8.266. Во моментот бројот на активни случаи изнесува 20.856.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ