• Latest

Пендаровски: Безбедносната состојба во земјата е стабилна, со сојузниците прилично добро ги неутрализираме активностите кои се насочени против нашата држава

February 1, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Безбедносната состојба во земјата е стабилна, со сојузниците прилично добро ги неутрализираме активностите кои се насочени против нашата држава

February 1, 2022 15:21
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска се одржа седницата на Советот за безбедност со фокус на актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.

На седницата присуствуваа, покрај редовните членови на Советот, претседател на Собранието, Талат Џафери, премиерот Ковачевски, министерот за внатрешни работи Спасовски, министерката за одбрана Петровска, министерот за надворешни работи Османи , универзитетските професори Ненад Марковиќ, Ветон Љатифи и Трајан Гоцевски, како и директорот на Агенцијата за разузнавање, Ерол Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност,  Виктор Димовски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

По завршувањето на седницата, претседателот Пендаровски во изјава за медиумите информираше дека членовите на Советот констатирале дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија,

Во однос на тензиите во регионот на Западен Балкан, Пендаровски изјави дека со ангажманот на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина тензиите се делумно намалени. За тензиите на украинско-руската граница , имајќи предвид дека дека двете држави граничат со северно атланската зона, Пендаровски рече дека Северна Македонија како земја членка на НАТО ги направила сите неопходни подготовки за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните во овој регион, за кој рече дека останува потенцијално високо ризична зона.

– Ги поздравуваме дипломатските напори на различни нивоа, кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница, со кои им се дава шанса да дијалогот и преговорите, а не на оружјето и воинствената реторика, изјави Пендаровски. Во таа смисла, во тој дел од светот, има мали симболични знаци за деескалација на реториката во изминатите неколку денови, но се уште е рано да се прогнозира како ќе се одвиваат настаните понатаму, подвлече претседателот  Пендаровски,

На новинарско прашање дали Северна Македонија е подготвена да одговори на руската пропаганда, и дали се лоцирани центрите за ширење на руската пропаганда во земјава, Пендаровски одговори дека центрите за ширење дезинформации кои не доаѓаат само од едно место, сега ги лоцираме поуспешно во соработка со нашите партнери и сојузници од НАТО

– Нешо во таа мерка се презема, меѓутоа не можам да биде специфичен во таа смисла, постојат активностите кои се насочени кон нашата држава кои не се во склад со нашите национални и државни интереси, постојат здружени активности на НАТО со нашите институции да ги неутрализираат и да го оневозможат тој пробив и мислам дека , со поддршка на сојузниците, ние сме прилично успешни во таа сфера Тој тип на пропаганда, не ви треба НАТО, не ви треба ЕУ постои, а по нашиот референдум 2018 година за промена на името, тие притисоци, хибридни закани се засилени, но и ние сме засилени со нашите капацитети, за што многу ни помага членството во НАТО, посочи Пендаровски.

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ