Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска се одржа седницата на Советот за безбедност со фокус на актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.
На седницата присуствуваа, покрај редовните членови на Советот, претседател на Собранието, Талат Џафери, премиерот Ковачевски, министерот за внатрешни работи Спасовски, министерката за одбрана Петровска, министерот за надворешни работи Османи , универзитетските професори Ненад Марковиќ, Ветон Љатифи и Трајан Гоцевски, како и директорот на Агенцијата за разузнавање, Ерол Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
По завршувањето на седницата, претседателот Пендаровски во изјава за медиумите информираше дека членовите на Советот констатирале дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија,
Во однос на тензиите во регионот на Западен Балкан, Пендаровски изјави дека со ангажманот на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина тензиите се делумно намалени. За тензиите на украинско-руската граница , имајќи предвид дека дека двете држави граничат со северно атланската зона, Пендаровски рече дека Северна Македонија како земја членка на НАТО ги направила сите неопходни подготовки за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните во овој регион, за кој рече дека останува потенцијално високо ризична зона.
– Ги поздравуваме дипломатските напори на различни нивоа, кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница, со кои им се дава шанса да дијалогот и преговорите, а не на оружјето и воинствената реторика, изјави Пендаровски. Во таа смисла, во тој дел од светот, има мали симболични знаци за деескалација на реториката во изминатите неколку денови, но се уште е рано да се прогнозира како ќе се одвиваат настаните понатаму, подвлече претседателот Пендаровски,
На новинарско прашање дали Северна Македонија е подготвена да одговори на руската пропаганда, и дали се лоцирани центрите за ширење на руската пропаганда во земјава, Пендаровски одговори дека центрите за ширење дезинформации кои не доаѓаат само од едно место, сега ги лоцираме поуспешно во соработка со нашите партнери и сојузници од НАТО
– Нешо во таа мерка се презема, меѓутоа не можам да биде специфичен во таа смисла, постојат активностите кои се насочени кон нашата држава кои не се во склад со нашите национални и државни интереси, постојат здружени активности на НАТО со нашите институции да ги неутрализираат и да го оневозможат тој пробив и мислам дека , со поддршка на сојузниците, ние сме прилично успешни во таа сфера Тој тип на пропаганда, не ви треба НАТО, не ви треба ЕУ постои, а по нашиот референдум 2018 година за промена на името, тие притисоци, хибридни закани се засилени, но и ние сме засилени со нашите капацитети, за што многу ни помага членството во НАТО, посочи Пендаровски.
Д.Мишев