• Latest

Д-р Мехмедовиќ: Последен момент е да постигнеме колективен имунитет оти ќе се вратиме во ситуацијата од јануари 2020

February 2, 2022

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Д-р Мехмедовиќ: Последен момент е да постигнеме колективен имунитет оти ќе се вратиме во ситуацијата од јануари 2020

February 2, 2022 11:05
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Од вчера портпарол на Комисијата за заразни болести ед-р Злате Мехмедовиќ. Тој вели дека неговата позиција, исто како и членувањето на другите експерти, е неплатена и дека е потребна за информирање на популацијата која е склона да се приклонува кон непроверени информации и теории на заговор.

-Тие дезинформации на социјалните мрежи направија сериозна штета и резултатот од тоа го гледаме денес, вели д-р Мехмедовиќ за Утрински брифинг.

Познато е дека д-р Мехмедовиќ цврсто се залага за вакцинација, па дури и за некои професии за задолжителна вакцинација. Тој во Утрински брифинг вели дека неговото членување во Комисијата не било условено со неговите ставови, а дека во Комисијата ќе се спротивстават различни ставови.

-Мојот став за вакцинацијата, за училиштата, за тоа како треба да се следи пандемијата произлегува од искуствата на другите земји каде што прво поминуваа брановите на вирусот, вели д-р Мехмедовиќ.

Во Велика Британија има околу 70 илјади вработени во здравствениот сектор кои одбиваат да се вакцинираат од различни причини. Мехмедовиќ вели дека кај нас не е познат бројот на невакцинирани здравствени работници. Но, додава тој, во Англија е специфична ситуацијата затоа што таму има висок степен на вакцинираност и на отпорност оти и голем дел од популацијата ја има прележано болеста.

-Треба да го знаете имунитетот на популацијата за да носите мерки. Во Австрија, на пример, се брза да се постигне колективен имунитет, а таму е задолжителна вакцинацијата за сите. Во текот на овие две години вирусот се измени, а вакцината е создадена врз основа на првиот сој. Ако сега не постигнеме колективен имунитет, ќе го стиснеме копчето за ресет и ќе се вратиме во јануари 2020 година, вели Мехмедовиќ.

Во врска со типот на вакцина, официјалната политика на државата е третата вакцина да биде Фајзер, вели д-р Мехмедовиќ.

Вчера од ковид-19 имавме 22 починати и дополнително 12 починати од „Мој термин“.

-Се работи за регистер на починати на Министерството за здравство, кој не се води во реално време, туку се води по пријави од матичните лекари. Станува збор за бавна администрација и ништо повеќе од тоа. Сѐ може да се сокрие, но не може да се сокрие кога некој ќе почине, вели д-р Мехмедовиќ.

На прашањето зошто во Македонија има загрижувачки бројки на починати д-р Мехмедовиќ вели дека ќе бидат преразгледани сите бројки.

-Да, точно е дека имаше манипулација со бројките, но за ова ќе  се разговара на Комисијата за заразни болести. Факт е дека нашата земја е на шесто или седмо место во светот по број на починати, вели д-р Мехедовиќ.

Носењето на протоколи е работа на Министерството за здравство, а не на Лекарската комора, но дијалог меѓу институциите мора да има. Ние ќе ги видиме досегашните упатства и начинот на кој се дисперзирани кај лекарите, вели Мехмедовиќ. Упатство за практикување на медицина базирана врз докази е она што популарно се нарекува „протоколи“ и тоа треба да се применува.

-Во моментов притисокот врз болниците е голем и сериозен, но засега ситуацијата се држи под контрола. Засега треба да се користат постојните болнички капацитети, а се надевам дека нема да дојдеме во ситуација да мораме да ги искористиме сите капацитети, вклучително и модуларните болници кои мора да бидат безбедни и да имаат доволен број персонал во ситуација кога имаме голем број заразени медицински работници, вели д-р Злате Мехмедовиќ за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ