Судењето за предметот „Топлик“ кој беше отворен од поранешното СЈО и се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште. се одложува за 16 февруари поради отсуство на еден од обвинетите, кој е позитивен на КОВИД-19. Ова е уште еден случај на одложено рочиште поради Ковид позитивен, а во кое првообвинет е поранечниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.
На почетокот на денешното рочиште, каде, според највата, Обвинителството требаше да почне со давање на завршни зборови, судијата Осман Шабани информираше дека адвокатот Часлав Станоевиќ, бранител на обвинетиот Томе Ѓурчилов, на 8 февруари доставил поднесок со медицинска документација од болницата „Жан Митрев“, според кое судот утврдил дека обвинетиот поради инфекција со КОВИД-19 е спречен да присуствува на денешната главна расправа .
Во случајот „Топлик“ првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој заедно со уште пет лица од министерството, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања. Миле Јанакиески е обвинет и во предметот „Шпански скали” чие судењето се одложи поради тоа што првобвинетиот Јанакиески, беше позитивен на КОВИД-19.