ВЕСТ НА ДЕНОТ
Шолц: Германија го запира процесот за гасоводот Северен тек 2, Украина ја поздрави одлуката
Германија ги повлекува документите за сертификацијата на гасоводот Северен тек 2 по вчерашните акции на Москва во источна Украина и признавањето на сепаратистичките „Народни републики“ Доњецк и Луганск од страна на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува СиЕнЕн.
„Во однос на најновите случувања, треба повторно да ја процениме ситуацијата и во однос на Северен тек 2. Звучи многу технократски, но тоа е неопходен административен чекор за да се запре сертификацијата на гасоводот“, рече канцеларот Олаф Шолц во Берлин.
Гасоводот долг 750 милји беше завршен во септември, но сè уште нема добиено конечна потврда од германските регулатори. Без тоа, природниот гас не може да тече низ гасоводот на Балтичкото Море од Русија до Германија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Фон дер Лејен и Мишел: ЕУ е обединета во поддршката на сувереноста и територијалниот интегритет на Украина, првиот пакет санкции ќе биде формално поднесен денеска
Одлуката на Руската Федерација да признае како независни ентитети и да испрати руски војници во одредени области на украинската област Доњецк и Луганск е незаконска и неприфатлива. Тоа го крши меѓународното право, територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, меѓународните обврски на Русија и дополнително ја ескалира кризата.

ФЛЕШ ВЕСТИ
ОДЛУКА Владата на денешната седница донесе Одлука за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава.
ОСУДА Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики“
ПОДДРШКА Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку својот Твитер налог изрази цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина
ЗЕЛЕНИ Во просек секое лице во ЕУ во 2020 година создало по 505 килограми комунален отпад, од кои околу 48 проценти биле рециклирани. Ние сме под просекот во ЕУ, каде секој жител во просек во 2020 година создал по 441 килограми комунален отпад, од кои 304 завршиле на отпад, покажуваат податоците на Евростат.
ПРАВДА Со истекот на мандатот на почетокот на декември годинава на судијата Вангелина Маркудова ќе настане блокада на Уставниот суд и со тоа дефинитивно угледот на Република Северна Македонија би бил максимално нарушен и пред меѓународната јавност, изјави претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ВО ФОКУСОТ НА ЦИВИЛ
ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со серијата настани „Во фокусот“ кој овој пат ќе се изостри на дезинформациите и пропагандата. Помошникот на Министерот за внатрешни работи за односи со јавноста, Тони Ангеловски, универзитетската професорка Весна Попоска од универзитетот „Визион“ – Гостивар и уредничката на интернет порталот „Порталб“, Елида Зулбеари, ќе учествуваат на панел дискусијата на тема „Информациски хаос: Трендови и перспективи“. Настанот ќе биде онлајн и ќе се одржи во среда, 23 февруари, со почеток во 13:30 часот.
Дерала: Неконтролираното мало и лесно оружје е дестабилизирачки фактор кој ги овозможува тероризмот и организираниот криминал
Што се однесува до нелегалното оружје, знаеме дека тоа е голема сериозна закана за безбедноста на сигурноста на граѓанките и граѓаните во кое било општество, вели претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала во уводниот дел на панелот „Нелегалното оружје и организираниот криминал: Се е поврзано“, што се одржа на 16 февруари, во организација на ЦИВИЛ.
„Познато е исто така дека, самата трговија на нелегалното оружје е поврзано со организираните криминални групи кои, за да го обезбедат својот продукт или услуга мораат да имаат и некакво оружје покрај себе во структурата да имаат вооружени луѓе кои ќе го обезбедуваат транзитот, производството испораката на услугите или производите на тој криминален повик односно во таа криминална структура во која се наоѓаат.
СЛОБОДНА ЗОНА

„За овие две години откако нѐ нападна овој вирус, научив толку многу термини што во нормално време немаше да ме интересираат ништо повеќе од временската прогноза за месеци однапред. Но од виша сила нема бегање и сакал не сакал научив што е тоа состојба на организмот, коморбидитети, сатурација и низа латински изрази за кои има и наши зборови, ама умно звучат на латински. Докторите се во политика, па ние кутрите мора да сме во тренд“., пишува Војо Стојановски во колумната „Разболени системи.“
„Она што на многу наивни, па и добронамерни коментатори, можеше и да им заличи како неколкунеделна интензивна „антируска западна пропаганда“, на крајот излезе дека бил точен опис на намерите на Путиновиот агресивен план против Украина. Тој, всушност, во ниту еден момент не бил подготвен на дипломатско решение на проблемот што самиот го создаде, за што го тинтраа дузина меѓународни, западни државници. Не помогнаа ни предупредувањата и заканите за последиците од ваквата негова политика. Сега коцката е фрлена, а на неа има само кецови на сите страни,“ пишува Сашо Орданоски во колумната „Путин за почетници.“













