• Latest

Ковачевски: Се преземаат сите чекори за заштита на безбедноста и сигурноста

February 24, 2022
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Се преземаат сите чекори за заштита на безбедноста и сигурноста

February 24, 2022 09:36
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Северна Македонија ја осудува одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики”. Овој чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина. Со него се кршат договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015. Северна Македонија заедно со НАТО сојузниците повикува на решавање на конфликтот по дипломатски пат, изјави премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски за ЦИВИЛ Медиа.
„Во однос на второто прашање, што се однесува до економските импликации, во моментов и согласно сегашната состојба и сознанија, проценката е дека може да се очекува некое минимално влијание на металопреработувачката и градежната индустрија како најголеми увозници на украински производи од железо и нелегиран челик. Во случај на поголема ескалација, за очекување е дека овие сектори можеби ќе треба да бараат алтернативни пазари за овие производи.

Во случај на воени дејствија од поголем размер пак, би можело да се очекува регионално и глобално влијание врз покачување на цените на енергенсите.

Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна и нема потреба од загриженост. Северна Македонија е дел од пошироката безбедносна заедница, од најголемиот воено политички сојуз и нашите граѓани не треба да бидат вознемирени.

Работите се следат, како од домашните институции така и од НАТО, и се преземаат сите чекори за заштита на безбедноста и сигурноста.

Ги осудуваме сите прекршувања на меѓународното право и заедно со сојузниците инсистираме на дипломатски дијалог и мирно решавање на кризата.

Во духот на НАТО заложбите работиме во интерес на нашата колективна безбедност и заштита преку интензивна комуникација и координација со сите наши соседи и држави во поширокиот регион коишто се членки на НАТО.“, посочи Ковачевски. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ