По повод инвазијата на Украина од страна на Русија, претседателот на Собранието, Талат Џафери за ЦИВИЛ Медиа изјави дека ги осудува воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, и додава дека последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен аспект, туку и од економски, и ќе се одразат врз регионот и пошироко во меѓународен контекст.
Тој додава дека се прекршени мировните договори Минск 1 и Минкс 2 и дека Украина е оштетена и во овој момент и треба не само декларатива туки и финансиска помош.
Џафери нагласи дека ќе има последици во однос на општествено-економска смисла.
„Секоја воено конфликта ситуација прво влијае на цената на енергенсите, врз цената на нафатата со која се поврзани сите општествени токови во однос на функционирање на економиите. Северна Македонија и регионот немаат сопствени извори и се зависни од странски капацитети.
Треба да се биде претпазлив и во контекст на безбедносните напори. Ние сме членка на НАТО, имајќи предвид дека правиме напори за отопчнување на преговори за членство во ЕУ, не се сите задоволни и не го прифаќаат сите нашиот напор и нашата определба да бидеме членки на ЕУ и во тој контекст импликациите се ако не директно, тогаш индиректно секако дека може да имаат влијание врз нашите напори“, истакна Џафери.
разгорот го водеше: Драган Мишев
камера и фотографија: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети