• Latest

Столтенберг: НАТО ја засилува подготвеноста да одговори на било каков напад врз сојузниците

February 25, 2022

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Столтенберг: НАТО ја засилува подготвеноста да одговори на било каков напад врз сојузниците

February 25, 2022 19:39
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вонредниот самит на НАТО лидерите заедно со партнерите од Шведска и Финска се заврши со нова остра осуда за руската инвазија на Украина и зајакнување на военото присуство на НАТО на истокот, пренесе МИА.

Генералниот секретар, Јенс Столтенберг, изјави дека НАТО вчера ги активираше елементите на НРФ, силата за одговор на НАТО (NATO response force) на копно, вода и воздух, со што се зајакнува подготвеноста на Алијансата да одговори на било кое сценарио.

НАТО става јасно до знаење дека било каков напад врз една од земјите сојузнички ќе биде третиран како напад врз сите, и ќе следува соодветен одговор.

Распоредени се над илјада трупи ширум Алијансата, над сто џетови во повеќе од 30 локации, како и 120 бродови од северот до Медитеранот.

-Ова е најсериозната закана за евроатлантската безбедност во децении, рече повторно Столтенберг, и за тоа има само еден виновник, рече тој, а тоа е Русија.

Военото распоредување на НАТО во источниот дел има за цел да спречи недоразбирања и да ги заштити сојузниците.

-Ова оди подалеку од Украина, барањата на Русија се НАТО да ја повлече својата инфраструктура во повеќе од половина наши членки, со спротивно се заканува со воени последици, затоа за прв пат ја распоредуваме НРФ во колективна одбрана, рече генералниот секретар.

Според НАТО барањата на Москва биле да се стави крај на проширувањето кон истокот, но и да се повлечат сите сили и инфраструктура од земјите членки кои и се придружиле на Алијансата после 1997.

Генералниот секретар се осврна и на можноста за активирање на членот пет за солидарност меѓу сојузниците и во случај на сајбер напад.

-Рековме дека кибер напад може да го активира членот пет, но никогаш не сме отишле во позиција да му дадеме на противникот привилегија да открие кога го активираме, одговори Столтенберг на новинарско прашање на оваа тема, и додаде дека НАТО ги зајакнува сајбер мрежите.

Истовремено врховниот командант на НАТО силите добива поголема слобода за раздвижување на силите и работи на механизмите за “деконфликција“.

Овие механизми се ад хок воени процедури кои имаат за це да се спречат напади по грешка или смртоносни последици врз војници на сојузничките трупи. Механизмите ги користеше САД во Сирија и служат како искуство за НАТО, објасни шефот на Алијансата.

Конечно, генералниот секретар реагираше и на изјавите од руската страна за подготвеност да се седне на преговарачка маса со Украина, во Минск и под услов Украина да го положи оружјето. Столтенберг оцени дека Русија треба да се повлече, но дека крајната одлука му припаѓа на украинскиот претседател.

-Ова е целосна инвазија на Украина, одат кон Киев и најавија дека целта им е промена на власта во Украина. Ситуацијата е многу непредвидлива, нема да шпекулирам, туку ќе изразам почит за украинските воени сили кои ја докажаа нивната храброст со тоа што се борат против поголемата руска сила. Што се однесува до потенцијални преговори меѓу Зеленски и Русија мојата порака е дека е на Зеленски и на владата во Украина да одлучи. Она што треба да го видиме е Русија да прекине со нападите врз Украина, тоа е најбрзиот пат до мирот, изјави Јенс Столтенберг. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ