• Latest
Украинската амбасадорка, Наталија Задорожњук

(ВИДЕО) Брифинг, Амб. Задорожњук: Ние сме на своја земја, не се повлекуваме, Украинците ќе се борат

February 26, 2022

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Брифинг, Амб. Задорожњук: Ние сме на своја земја, не се повлекуваме, Украинците ќе се борат

February 26, 2022 14:33
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Украинската амбасадорка, Наталија Задорожњук

Украинската амбасадорка, Наталија Задорожњук

Share on FacebookShare on Twitter

Трет ден Украина ѝ дава отпор на руската воена инвазија. Непријателот бомбардира и лансира ракети во сите правци.

Најцинично е што цел на нападите се социјалната сфера, цивилите. Ракети беа лансирани кон градинки и домови за деца без родители, стрелаат по возилата за итна помош, болници. Вчера ракета беше лансирана во висококатница во Киев, на улицата Лобановскиј. Во близина има породилиште и училиште.

Гранатирањето на зградата на улица Лобановскиј ќе биде една од епизодите во истрагата за воените злосторства на рускиот режим во Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Соодветниот правен процес е веќе започнат.

Злото, обично излегува навечер. Минатата ноќ, повторно беше силно бомбардиран нашиот прекрасен илјадагодишен Киев. Русите се обидуваат да го опкружат нашиот главен град од сите страни. Ги бомбардираат сите делови на Киев.

Тие лансираат диверзантски групи кои се претставуваат како украински војници или полицајци облечени во нивната облека.

Во Киев се водат борби.

Но, и оваа ноќ, благодарение на нашите војници и жители од градот, нашиот сакан град издржа. Луѓето го бранат својот град, им се доделува оружје.

Заклучно со 6 часот наутро на 26 февруари, во Киев беа повредени 35 лица, меѓу кои и две деца.

Утрото на 26 февруари, рускиот режим брои загуби во војната на Русија против Украина. Имаат човечки загуби – повеќе од 3.500 руски војници, речиси 200 војници беа земени во заложништво, соборени се авиони и погодени се тенкови.

За жал, и ние имаме загуби. Меѓу цивилните 198 жртви, три се деца. 1.115 се ранети, меѓу нив, 33 деца.

Имаше жестоки битки низ целата територија на Украина. Русите прво бомбардираат, а потоа испраќаат тенкови. Нашите војници водат жестоки битки.

Но, во текот на минатата вечер и ноќ, Русите не успеаја да преземат контрола над ниту еден украински град.

Имаме загуби. Умираат најдобрите. Но, ние сме на своја земја, нема каде да се повлекуваме. Украинците ќе продолжат да се борат.

Благодарни сме му на светот за помошта. Секој нов ден носи нови санкции, оружје [за Украина] и изолација на Русија. Веќе пристигнаа противтенковски оружја, опрема за противвоздушна одбрана, муниција за сите видови оружје и артилерија, автомобили, панцири, гориво. Ќе има уште повеќе.

Путин и Лавров лично се вклучени во санкциите на ЕУ. Веќе се работи на нов пакет санкции.

Руските банки, компании, стоки буквално се исфрлаат од полиците, финансиските системи, берзите.

Русија е лишена од спортски и забавни настани – Лигата на шампиони и Евровизија.

Голем број земји веќе го затворија воздушниот простор за руските авиокомпании, а денес тој број само ќе расте. Светските отпадници ќе мора или воопшто да не летаат или да прелетуваат преку пола свет. Неколку земји од ЕУ престанаа да издаваат визи за Русите.

Во Советот за безбедност на ООН, за време на обидот да се утврди резолуција, Русија очајно се обидуваше да не остане единствената земја која ќе стави вето. Тоа не ѝ успеа. Дури и блиските нејзини пријатели се воздржуваа од отворено застанување на страната на Русија.

Нашата упорност секој час привлекува на наша страна сè повеќе и повеќе партнери од меѓународната коалиција во одбраната на Украина и светот. Нашиот број се зголемува. Вистината ќе победи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ