• Latest
Јулија, наставничка и украинска доброволка, чека на распоредување на борбените линии во Киев, 27 февруари 2022: „Само сакам да живеам во нашата земја“. (скриншот од видео на Линзи Адарио за Њујорк Тајмс)

Уште една тешка воена ноќ, жестоки борби за одбрана на Киев, се водат битки низ целата земја, Русите бомбардираат цивилни цели

February 27, 2022

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Уште една тешка воена ноќ, жестоки борби за одбрана на Киев, се водат битки низ целата земја, Русите бомбардираат цивилни цели

Претходни важни вести за војната во Украина: Германската влада одобри снабдување на Украина со оружје, општа мобилизација за борба против рускиот агресор...

February 27, 2022 03:26
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Јулија, наставничка и украинска доброволка, чека на распоредување на борбените линии во Киев, 27 февруари 2022: „Само сакам да живеам во нашата земја“. (скриншот од видео на Линзи Адарио за Њујорк Тајмс)

Јулија, наставничка и украинска доброволка, чека на распоредување на борбените линии во Киев, 27 февруари 2022: „Само сакам да живеам во нашата земја“. (скриншот од видео на Линзи Адарио за Њујорк Тајмс)

Share on FacebookShare on Twitter

Уште една тешка ноќ за Украина и за нејзиниот главен град Киев. Како што кажа и украинската амбасадорка во нејзиниот брифинг, утрината в сабота на 26 февруари, „злото, обично излегува навечер“, артилериските напади на Киев се интензивираа со паѓањето на мракот. Репортерите на Си-Ен-Ен јавуваат за силни експлозии и дека руските сили му се приближуваат на градот од сите страни.

Извештаите од фронтот јавуваат и за жесток отпор од страна на украинската полиција, војска и доброволците. Во моментов се одвиваат жестоки улични борби во периферијата на Киев.

Руските агресори имаат неспоредливо поголеми предизвици отколку што планирале, според Пентагон и низа други релевантни извори во светот. Освен жестокиот сенароден отпор на Украинците, руската наезда ја забавија и недостатокот на гориво за воената механизација и храна за војниците.

Претходни важни вести за војната во Украина

Германската влада одобри снабдување на Украина со оружје

Германската влада ја одобри одлуката за снабдување на Украина со 1.000 парчиња противтенковско оружје и 500 проектили земја-воздух Стингер од залихите на Бундесверот за поддршка на вооружените сили на Украина. Ова го изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, јави дописникот на Укринформ.

Бајден: Две опции – Трета светска војна или санкции

Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Брајан Тајлер Коен, објавено в сабота попладне, 26 февруари, во врска со војната во Украина, изјави дека светот е исправен пред избор – трета светска војна или санкции.

„Има две опции. Прва, Трета светска војна, да се оди во војна со Русија, физички. Или втора, земјата која дејствува толку спротивно на меѓународното право, да заврши така што ќе ја плати цената за тоа.“

Ал Џезира: Што знаеме за војната во Украина до сега?

Ен-Би-Си: Најсилното оружје на Украина е нејзиниот народ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ