• Latest
Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Задорожњук: Против Украина не се води само реална војна туку и информативна

February 27, 2022
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Задорожњук: Против Украина не се води само реална војна туку и информативна

Руските окупациски сили изведуваат моќни артилериски, воздушни и ракетни напади врз Украина, низ целата територија на Украина. Удираат по критичната инфраструктура - руските окупатори разнесоа гасовод во Харков, напаѓаат цивили. Во близина на Нова Каховка, руските нелуѓе застрелаа автомобил, во кој патуваше семејство, при тоа убивајќи пет лица, меѓу кои две деца, тенкови на Русија пукаа врз цивилен автобус, вели Задорожњук.

February 27, 2022 14:21
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Четврти ден по ред Украина продолжува херојски да ја брани својата земја и да се спротивставува на неколкукратно поголемата армија на непријателот. Пресметката на рускиот режим да ја земе Украина за 6 часа и Киев за 2 часа не се оствари. Стоиме и ќе стоиме до крај, брифира Амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук, (27.02.2022).

„Руските окупациски сили изведуваат моќни артилериски, воздушни и ракетни напади врз Украина, низ целата територија на Украина. Удираат по критичната инфраструктура – руските окупатори разнесоа гасовод во Харков, напаѓаат цивили. Во близина на Нова Каховка, руските нелуѓе застрелаа автомобил, во кој патуваше семејство, при тоа убивајќи пет лица, меѓу кои две деца, тенкови на Русија пукаа врз цивилен автобус.

Диверзантска група застрела цело семејство со три деца. Родителите и едно од децата починаа. Другите две деца се во болница со тешки повреди. Тоа се случи на улицата Олена Телига. Во близина на Бабин Јар, каде што пред 80 години нацистите убиваа цели семејства, вклучително и мали деца. 

Во 21 век, постојана членка на Советот за безбедност на ООН врши геноцид врз соседна земја.

Вкупните загуби на руската армија во текот на трите дена од нејзината инвазија на Украина достигнаа 4.300 војници.

Додека украинските Вооружени Сили и граѓаните низ целата земја, кои се обединија во локални територијални одбрани, прават вистински подвизи секој час – ја бранат Украина од напредувањето на трупите на агресорот, уништуваат руски борбени единици и ги враќаат заробените градови, села и стратешки точки – во светот се случува уште една војна со агресор.

Ова е дипломатската војна.

И во неа Русија има просто невиден, неверојатен пораз.

Постапките на Путин ги одвратија од него дури и неговите најлојални сојузници во Европа. Не се работи само за Европа. Се создава јаз меѓу Русија и светот.

Му благодариме на целиот свет за вистинската практична помош. Санкциите се исклучително строги, благодариме за оружјето, благодариме за сите рестриктивни мерки, затворањето на небото за руските авиони и воздушната комуникација со земјата окупатор.

Русија е во изолација. Постои цивилизираниот свет и постои Русија, земјата агресор, која врши геноцид врз соседниот народ.

Би сакала да ги цитирам зборовите на познатиот руски економист Владислав Иноземцев, кој рече:

Западот, се разбира, требаше да биде порешителен и да ги воведе сите денешни санкции уште во деновите на окупацијата на Крим. Тогаш немаше да има војна во Донбас, ни несреќни жртви на MH17, ни сегашната срамна страница во руската историја. А, можеби, дури ни В. Путин…

Русија од држава која се стремеше кон светско лидерство, се претвори во држава отпадник.

На Русија итно и го одземаат правото да биде домаќин на сите спортски настани, дури и оние кои се планирани за наредните месеци. Дури и на такви настани од големи размери како финалето на Лигата на шампионите во мај и Светското првенство во шах во лето. Европските клубови одбиваат да го рекламираат „Гаспром“ и другите руски гиганти. Додека руските олигарси, кои поседуваат светски познати клубови како Челзи, се приморани да се откажат од својата сопственост.

Сето ова за Русија и за Путин е неверојатно понижување. 

А следи уште една битка од не помали размери. Ова е битката за ООН. Украина иницира исфрлање на Русија од Советот за безбедност на ООН, каде што Москва беше запишана во 1992 година, со кршење на правилата и статутот на организацијата.

ООН се најде на работ на колапс. Бидејќи тоа, што постојана членка на Советот за безбедност на ООН врши отворена, апсолутно непредизвикана и однапред подготвена агресија врз соседна држава, ја уништува суштината на организацијата.

За крај, денеска во 15 часот (македонско време) ќе се одржи брифинг на Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба за странските новинари. 

Ги повикувам македонските новинари да се приклучат, па дури и оние кои продолжуваат да ги информираат своите читатели, користејќи руски извори.

Против Украина моментално се води не само реална војна туку и информативна“, истакна Задорожњук.

видео: Фронтлајн.мк

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ