Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел во интервју за шпанската јавна телевизија ТВЕ денеска изјави дека Европската унија нема да дозволи преговорите меѓу Русија и Украина да завршат со „воспоставување марионетска влада“ во Киев.
– Сите војни завршуваат, но треба да се види на кој начин. Тоа не смее да се случи и нема да дозволиме ова да заврши со задушување на слободите на Украинците и нивната легитимна Влада, која би била заменета со марионетска влада, како што се случуваше во времето кога Русија беше дел од Советскиот Сојуз, рече Борел.