• Latest

Зеленски: Харков и Киев се најважни цели на непријателот

March 1, 2022

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Харков и Киев се најважни цели на непријателот

Харков. Напад со крстосувачка ракета. На најголемиот плоштад во Европа - на Плоштадот Слобода. Десетици жртви. Ова е цената на слободата. Еве вакво е утрото на народот на Украина.

March 1, 2022 13:56
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот Харков и рускиот Белгород отсекогаш биле блиски градови. На многу начини. Дури и границата меѓу нив беше само условна, само на карта, но сигурно не во душата. Не во душата. Сега се се смени. По крстосувачката ракета што го погоди Харков од Белгород. Ракетата што беше насочена кон плоштадот Слобода. Лицето на нашиот Харков. Ова е терор врз градот. Ова е терор врз Харков. Терор врз Украина. На плоштадот немаше воена цел. Како и во оние станбени области на Харков, кои се погодени од млазна артилерија. Ракетата кон централниот плоштад е директен, со ништо нескриен терор. Никој нема да го прости. Никој нема да го заборави.

Овој напад врз Харков е воено злосторство. Ова е државен тероризам од страна на Руската Федерација. После вакво нешто Русија е терористичка држава. Очигледно. И тоа мора да биде официјално. Ги повикуваме сите земји во светот веднаш и ефективно да одговорат на оваа криминална тактика на агресорот и да објават дека Русија врши државен тероризам. Бараме целосна одговорност за терористите пред меѓународните судови.

Харков и Кијив во моментов се најважните цели за Русија. Теророт е насочен кон тоа да не скрши. Да го скрши нашиот отпор. Тие одат во нашиот главен град исто, како и во Харков. Затоа, одбраната на главниот град денес е клучен приоритет за државата. Во сите градови во Украина мора да се направи се за да се запре непријателот. За ова се одговорни воените и цивилните власти на секој град. Но, Кијив е посебен. Ако го заштитиме Кијив – ќе ја заштитиме државата. Кијив е срцето на нашата земја. И тоа мора да чука. И ќе чука за да го победи животот.

Почитувани Кијивчани! Одбраната на главниот град е пред се. Затоа решив за време на војната да назначам професионално воено лице за началник на Кијивската градска воена управа. За да се гарантира одбраната на градот. Да ги блокираме приближувањата на непријателот кон нашиот главен град. За жителите на Кијив да имаат се што им е потребно. Началник на воената администрација ќе биде генерал Жернов, Микола Миколајович. Тој служеше како командант на силите за поддршка. На високо ниво ја организираше инженерската поддршка на борбените операции на Вооружените сили на Украина во 2014-2015-та година. Сега Советот за национална безбедност и одбрана е државен експерт на Службата за воена безбедност. Виталиј Кличко останува градоначалник на Кијив. Тој ќе има своја сфера на одговорност. И сега тоа ќе биде заедничка работа на градоначалникот и началникот на воената администрација. По војната се ќе вратиме на своето место во главниот град.

Што се однесува до нашите дипломати. Нашите дипломати токму сега носат правични и апсолутно неопходни одлуки во однос на државите кои го предале својот збор и меѓународното право. Веднаш го отповикуваме амбасадорот од Киргистан на консултации. За оправдување на агресијата врз Украина. Веднаш го отповикуваме амбасадорот од Грузија. За пречките за волонтерите кои сакаат да ни помогнат. За неморалниот став во врска со санкциите.

А сега сакам да кажам за оние чиј подвиг е пример за највисока морална сила. Тоа се нашите лекари. Вие спасувате луѓе деноноќно. Секогаш. А сега вашата работа е една од клучните линии на нашата одбрана. Вие брилијантно ја одржувате. Веќе илјадници животи се спасени во овие пет дена. Благодарен сум му на секој и на секоја кои во овие исклучително тешки услови на нашиот народ му обезбедуваат се што е потребно за живот. Храна, енергија, лекови. И му благодарам на обичниот народ на Украина, кој со голи раце ги запира тенковите, со сила на духот ги протерува окупаторите од административните згради и го прави нивниот престој во Украина срамен. За да им докажат дека сите тие се странци овде. Ова и е народна војна. Ова и е народот на Украина, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Слава на Украина!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ