• Latest

Макрон по разговорот со Путин: Најлошото во Украина допрва доаѓа

March 3, 2022
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас се согласи со најновиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

(ВИДЕО, КЛУЧНИ ПОЕНТИ) Трилатерална средба во Белата куќа: Европските лидери искажаа максимално единство и солидарност со Украина – топката е во дворот на Путин

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Лекции од историјата што Украинците треба да ги знаат: Како САД ја спасуваа Русија

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

(ВИДЕО) Новинарот кој минатиот пат го праша Зеленски „зошто не носиш одело“ се извини и му даде комплимент: Изгледате прекрасно 

August 18, 2025

Пет клучни поенти од средбата Трамп – Зеленски во Белата куќа

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ќе им обезбедиме многу добра заштита, многу добра безбедност – вети Трамп на состанокот со Зеленски во Белата куќа

August 18, 2025

24 ЧАСА: Независните на избори со собрани два потписи; Зеленски и Трамп на разговори во Вашингтон; газени, претепани, заплашувани на протестите во Србија; интелектуалците на Балканот шират проруски наративи

August 18, 2025

„Политико“: Молдавија би можела да ја престигне Украина на патот кон ЕУ

August 18, 2025
Фотографија: Скриншот

Додик официјално веќе не е претседател на Република Српска

August 18, 2025

Македонската фарса на ветувањата

August 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Макрон по разговорот со Путин: Најлошото во Украина допрва доаѓа

March 3, 2022 18:20
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека „најлошото допрва доаѓа“ во Украина по денешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, кој ја изрази „својата голема одлучност“ да продолжи со офанзивата со цел „да ја преземе контролата“ во целата земја, соопшти Елисејската палата, пренесува МИА.

По едночасовниот телефонски разговор на барање на Путин, рускиот претседател му рекол на својот француски колега дека операцијата на руската армија се развива „според планот“ и дека ќе се „влоши“ доколку Украинците не ги прифатат неговите услови, соопшти француското претседателство.

„Очекувањата на претседателот Макрон се дека најлошото допрва доаѓа, со оглед на тоа што му го кажа претседателот Путин“, се додава во соопштението.

Кремљ денеска, по разговорите на двајцата претседатели, соопшти дека Путин му порачал на Макрон дека Русија има намера да ја продолжи бескомпромисната борба во Украина.

Како што наведе Кремљ, Путин му дал на Макрон „аргументирани објаснувања за улогата на неонацистите во државната политика на Киев“ и повторил дека условите на Русија во преговорите се демилитаризација на Украина и нејзиниот неутрален статус, за да нема опасност за Русија од нејзина територија.

Путин ја даде иницијативата за тој разговор, трет меѓу двајцата функционери од почетокот на инвазијата на 24 февруари, за да го „информира“ Макрон за „ситуацијата и намерите во рамки на отворениот дијалог“ меѓу двајцата, соопшти француското претседателство.

На обвинувањата на Путин упатени кон Украинците, Макрон одговори дека прави голема грешка против украинскиот режим, „кој не е нацистички“.

„Ти зборуваш сешто, бараш изговори“, возвратил Путин и го повикал својот француски колега „да не се лажат“, се наведува во соопштението на Елисејската палата.

„Тој разговор овозможи да се разгледаат несогласувањата, да му се каже вистината на претседателот Путин, но, исто така, за жал, да се констатира неговата решеност да ја продолжи воената операција до крај“, се вели во соопштението.

„Украинците храбро се борат. Ништо не е готово, но односот на силите е неурамнотежен“, се додава во соопштението, истакнувајќи го „песимизмот“ на Макрон по тој разговор.

Француското претседателство додаде дека ќе ги зајакне санкциите против Русија, оценувајќи дека се работи за многу моќна алатка, што може да се види со падот на вредноста на рубљата.

Париз, исто така, ја оцени како „многу значајна“ одлуката на Кина да се воздржи во ОН кога резолуцијата со која се повикува на итен прекин на употребата на сила против Украина беше изгласана со огромно мнозинство.

„Ние сме заинтересирани за фактот дека Кина го предложи своето посредување и сме во контакт со властите во Пекинг, соопшти Елисејската палата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ