• Latest

Галовеј: Мораме да останеме обединети за нашите вредности и за мирот во Европа

March 4, 2022

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Галовеј: Мораме да останеме обединети за нашите вредности и за мирот во Европа

Кога го гледам пустошот во Украина, не гледам некоја си приказна за далечна земја. Кога гледам дека Русија го бомбардираше Бабин Јар во 2022 година, се сеќавам на 33.771 украински Евреи убиени таму во 1941 година, исто како што секоја година овде се сеќаваме на депортацијата и убиството на 7.144 македонски Евреи во март 1943 година. И кога се сеќаваме, велиме никогаш повеќе да не се повтори. Велиме така зашто веруваме во тоа што го кажуваме. Затоа што тоа се нашите вредности.

March 4, 2022 11:01
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Неиспровоцираниот, однапред смислен и варварски напад на Русија врз Украина го шокираше светот. Гледајќи ги сликите на крвопролевање и уништување, напади на станбени блокови и улици, се сеќаваме и на изгубените животи и на штетата направена за време на ужасите на други конфликти што се случуваа во 20. век во Европа. Конфликти за кои многумина тврдеа дека се далеку зад нас. Конфликти кои беа завршени преку меѓународни механизми дизајнирани да најдат други начини за решавање на проблемите на нациите, пишува Амбасадорката на ОК во Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј за Мета.мк.

Се разбира, кревкоста на меѓународните механизми и тоа ветување за мир зависи од тоа каде живеете и од тоа колку неодамна конфликтите во Европа допреле до вашиот живот.

Приказната на моето семејство е приказна на европски Евреи. Тоа е приказна за оние малкумината преживеани од конфликтите во 20. век. Мојот дедо е роден во Ривне (тогашно Ровно), што се наоѓа на 304 километри од Кијив, во 1909 година. Неговите родители отпатувале во Англија во 1911 година откако Козаците се обиделе да го земат мојот четиригодишен правујко. Баба ми е родена во Англија, но во 1923 година отпатувала да го посети своето семејство во Лвив. Нејзината мајка, мојата прабаба, открила дека е бремена, па тие останале таму една година. Баба ми обожуваше да зборува за нејзиниот вујко и неговото семејство во Лвив и одржа еден неочекуван говор на нејзиниот 90. роденден за да ни ги раскаже приказните одново. Другиот мој дедо ни раскажуваше бајки што зависеа од знаењето на разликите помеѓу луѓето што живееле во Минск, Пинск и Хелм. А ќерка ми се роди во ноември 2013 година кога Украинците излегоа на улица да го побараат правото за избор на сопствената иднина.

Па така, кога го гледам пустошот во Украина, не гледам некоја си приказна за далечна земја. Кога гледам дека Русија го бомбардираше Бабин Јар во 2022 година, се сеќавам на 33.771 украински Евреи убиени таму во 1941 година, исто како што секоја година овде се сеќаваме на депортацијата и убиството на 7.144 македонски Евреи во март 1943 година. И кога се сеќаваме, велиме никогаш повеќе да не се повтори. Велиме така зашто веруваме во тоа што го кажуваме. Затоа што тоа се нашите вредности.

Путин покажа дека не сака да ги види тие вредности ниту во Русија, ниту во нејзините соседи. Тој не сака да види како суверена Украина го избира својот пат како западна демократија. Тој не сака да види Балкан кој го следи евроатлантскиот пат што го бараат граѓаните.

Затоа мора да продолжиме да дејствуваме заедно за да покажеме дека веруваме во нашите вредности. Дека ќе донесеме тешки одлуки за да ги поддржиме тие вредности. Дека сме обединети во осудата на војната на Путин против Украина, против нејзиниот народ и против нивните вредности.

Ние сме обединети и во меѓународните организации. 141 земја во Обединетите нации ја осудија војната и побараа повлекување на руските сили. 38 земји ги пријавија злосторствата на Русија во Украина до Меѓународниот кривичен суд. Ова е најголемата пријава што Судот ја добил во својата историја. Над 40 земји од ОБСЕ ги осудија постапките на Русија. Советот на Европа ја суспендираше Русија.

Ние сме обединети во прекинот на финансирањето на воената машина на Путин. Ова се најсилните економски мерки што Обединетото Кралство и нашите сојузници некогаш ги донеле. Договоривме санкции за банкарскиот, одбранбениот и транспортниот сектор на Русија, за компаниите и олигарсите во срцето на режимот на Путин. Руските летови се забранети во воздушниот простор на Обединетото Кралство, а руските бродови се забранети на сите наши пристаништа. Ќе ги замрзнеме средствата на руските банки и ќе донесеме закон за забрана на руската држава и економски виталните индустрии и компании на Русија (како Гаспром) да собираат финансии на пазарите во Обединетото Кралство – најважниот финансиски центар во Европа.

Ние сме обединети во нашата поддршка за Украина и нејзиниот народ. Обединетото Краластво и нашите сојузници веќе обезбедуваат економска, хуманитарна и одбранбена воена помош. Ние продолжуваме да правиме сѐ што е возможно за да ѝ помогнеме на Украина како на пример обучување на 22.000 војници, испорачување 2.000 противтенковски проектили, обезбедување 100 милиони фунти за економски реформи и енергетска независност, како и 120 милиони фунти хуманитарна помош и гаранција за 500 милиони долари за финансирање на Банката за развој.

Сега мора да останеме обединети. Она што ќе се случува во наредниот период е критично за мирот и безбедноста во Европа, како и за вредностите за кои се бориме.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ