• Latest
Фото: bbc.com

Работниците во Чернобил заробени веќе 12 дена, оштетен нуклеарен истражувачки објект во Харков

March 8, 2022

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Работниците во Чернобил заробени веќе 12 дена, оштетен нуклеарен истражувачки објект во Харков

March 8, 2022 11:04
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: bbc.com

Фото: bbc.com

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 100 работници во украинската нуклеарна централа Чернобил – местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот во 1986 година – се заглавени таму повеќе од 12 дена, не можејќи да заминат откако руските сили ја зазедоа централата на првиот ден од инвазијата, пренесува Би – Би – Си.

Други 200 украински чувари, кои биле задолжени за безбедноста во моментот на нападот, исто така остануваат заробени.

Работниците продолжуваат да ги извршуваат своите обврски и се вели дека атмосферата е мирна, но за Би-Би-Си е кажано дека условите внатре се тешки, храната и лековите се ограничени.

Исто така, расте загриженоста дека стресот може да влијае на нивната способност безбедно да ги извршуваат своите должности на нуклеарната локација.

Според  Би-Би-Си, Русија тврди дека ја обезбедува локацијата заедно со украинската национална гарда, но Украина го оспорува тоа и вели дека руските трупи имаат целосна контрола.

Со оглед на тоа што работниците не знаат колку време ќе бидат таму, се ограничуваат на еден оброк дневно (подготвен од готвачи кои исто така се заглавени), а храната е основна – главно леб и каша.

Во исто време расте и загриженоста дека стресот може да влијае на нивната способност да ги извршуваат своите должности на нуклеарната локација.

– Ситуацијата е комплицирана и напната. Тешко им е морално, психолошки и физички, изјави за Би-Би-Си Јуриј Фомичев, градоначалник на Славутич.

 Украина пријавила до Меѓународната агенција за атомска енергија дека нуклеарен истражувачки објект, каде се произведуваат радиоизотопи за медицински и индустриски цели, бил оштетен од руското бомбардирање во градот Харков.

Тоа го потврди генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси, истакнувајќи дека бомбардирањето не предизвикало зголемување на нивото на радијација на локацијата.

„Мораме да дејствуваме сега за да избегнеме нуклеарна несреќа во Украина што може да има сериозни последици за здравјето и животната средина. Не можеме да си дозволиме да чекаме“, наведе Гроси.

Руските сили ја презедоа украинската нуклеарна централа Запорожжје откако гранатирањето предизвика пожар во зграда за обука. Претставници на МААЕ изразија сериозна загриженост поради управувањето со најголемата нуклеарна централа во Европа, што сега е под контрола на руската војска.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ