• Latest

Зеленски: Ако пукате и по овој превоз, и по овие луѓе, знајте дека тоа ќе биде пред очите на целиот свет, сите ќе бидат сведоци, и ќе ве осудат

March 8, 2022

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Ако пукате и по овој превоз, и по овие луѓе, знајте дека тоа ќе биде пред очите на целиот свет, сите ќе бидат сведоци, и ќе ве осудат

March 8, 2022 13:27
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Украина Володимир Зеленски им се обрати на украинските жени, девојки, сопруги, мајки, по повод пролетниот празник кој предходно секогаш на овој ден им го честитале, но, не и денес.

Денес, едноставно не можам да ви ги кажам традиционалните зборови. Не можам само да честитам. Не можам. Кога има толку многу смртни случаи. Кога има толку тага. Кога има толку многу страдање. Додека трае војната. Терористичка војна од големи размери против нашиот народ. Народот на Украина, вели Зеленски.

 

Во обраќањето, Зеленски потенцира дека окупаторите повторно го бомбардираат Суми. Со бомби од воздух врз мирниот град кој никогаш во својата историја не ѝ се заканувал на Русија! Добрата, тивка, душевна Сумска област,  е претворена во пекол!

Се осврна и на Мариупол. Мирен и вреден град без никаква внатрешна злоба. Опкружен, блокиран, кого специјално го исцрпуваат и специјално го измачуваат. Окупаторите намерно ја прекинуваат комуникацијата. Намерно ја блокираат испораката на храна, снабдувањето со вода. Ја исклучуваат струјата. Во Мариупол, за прв пат по неколку децении, веројатно за прв пат по нацистичката инвазија, дете почина од дехидрација.

„Слушнете ме денес, драги партнери! Дете почина од дехидрација. Во 2022 година!“ рече Зеленски.

Украинскиот претседател истакна дека ова е веќе тринаесетти ден од борбите во Украина.

 

Се бориме веќе тринаесетти ден. Ги уништуваме окупаторите каде што можеме. Секаде. Но постои небото. Стотици руски крстосувачки ракети. Стотици борбени авиони на окупаторите. Стотици жиродини. Да, ние ги уништуваме. Русија во изминатите 30 години не изгубила толку авијациска опрема колку за овие 13 дена во Украина.
Но, тие сè уште имаат доволно техника за убивање. Сè уште имаат доволно ракети за терор. Доволно петстотини килограмски бомби за да ги фрлат врз нас, врз обичните луѓе. Врз Чернигив и Кијив. Одеса и Харкив. Полтава и Житомир. Врз десетици и десетици украински градови. Врз милиони мирни украински луѓе.

 

Зеленски потсети дека веќе 13 дена бараат и им се ветува помош.
А не како што звучи во коментарите на политичарите за обезбедување на Украина со витално неопходни борбени авиони. Витално неопходна противракетна одбрана. Витално неопходна!, истакна Зеленски.
Слушнавме многу уверувања и видовме многу договори, вклучително и за воспоставување на хуманитарни коридори. За да ги спасиме нашите граѓани во Мариупол. Но, тие не функционираа. Не функционираа сите. Засега. И јас немам повеќе време за чекање. Ние немаме. Во Мариупол нема повеќе време за чекање.
Окупаторите се тие кои сакаат нашиот народ да умира. Не ние. Во Мариупол испративме колумни со хуманитарна помош. Таму има сè што им е неопходно! Испративме превоз за да ги спасиме луѓето. Возачите разбираат сè. Тие се херои. Храбри луѓе! Тие разбираат дека руските војници едноставно можат да пукаат по овој превоз на патот. Како што веќе убиваа луѓе кои само се обидуваа да стигнат до безбедна територија од зона на воени дејтвија.
Но, ако пукате и по овој превоз, и по овие луѓе, знајте дека тоа ќе биде пред очите на целиот свет. Сите ќе бидат сведоци. И сите ќе сведочат.
Кога секој, го повторувам ова: секој што дава и исполнува нечовечки наредби ќе биде строго суден. И ќе го осудат.

Видовме конкретна согласност од руската страна за организирање коридор за евакуација од градот Суми. И не само за нашиот народ. За стотици странци. Граѓани на Индија, Кина. Станува збор за студенти кои студирале во Суми, вели Зеленски, и продолжува. Знаете, ми беше кажано дека Црвениот крст, Меѓународниот Црвен крст, ни забранува да го користиме амблемот на возилата што извршуваат хуманитарни мисии. Ни забранува Црвениот крст како да е нивна сопственост, истакна Зеленски.

 

Според Зленски,  и ова е значајно, и ова кажува многу за фактот дека некои луѓе, многу влијателни, решиле да им стават крст на Украинците.
Но, ние тоа нема да го дозволиме. И јас тоа нема да го дозволам. Нашите пријатели. Тие се покрај нас.Ќе апелирам директно до народите во светот доколку светските лидери не вложат максимални напори за да се запре оваа војна, овој геноцид.
Се разбира, продолжуваме да разговараме со нашите партнери. Со лидери, парламентарци од сите земји кои знаат како да ѝ помогнат на Украина. Имаме многу зафатен ден на преговори.
Зеленски кажа дека разговарал со Претседателот на Литванија Гитанас Наузеда и дека народот на Литванија секогаш стои рамо до рамо со Украинците во оваа борба., Украинците ја чувствуваат помошта и ја ценат.
Тој исто така кажа дека зборувал и со Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, како и со Премиерот на Индија, г-дин Моди.

Но, има работи кои не се решаваат во преговорите, кои не зависат директно од нас. А само – од хуманоста, која мора да победи во водечките престолнини. Таа мора да го победи стравот. Мора да освои какви било придобивки.

И тогаш ќе видиме дека украинското небо е безбедно. А украинските градови се деблокирани. Ние можеме да го направиме тоа заедно како луѓе на светот. А ако светот се тргне настрана, ќе се изгуби себеси. Засекогаш. Затоа што има безусловни вредности. Еднакви за сите. Пред сè, тоа е животот. Право на живот за секого. Токму тоа, за што ние се бориме во Украина. Многу силно, со нашите војници. Токму од тоа, од што сакаат да не лишат овие слаби окупатори. Токму тоа, што целиот свет мора да го заштити, кажа Зеленски на крајот од своето ображање.
Слава на Украина

Д.Мишев
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ