• Latest

ЕУ воведе рестриктивни мерки за уште 160 Руси како последица на воената агресија врз Украина

March 10, 2022
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

ЕУ воведе рестриктивни мерки за уште 160 Руси како последица на воената агресија врз Украина

Советот на ЕУ одлучи да воведе рестриктивни мерки за дополнителни 160 Руси, вклучувајќи олигарси, бизнисмени и членови на Советот на Руската Федерација.

March 10, 2022 10:22
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Советот денеска одлучи да воведе рестриктивни мерки за дополнителни 160 лица во однос на тековната неоправдана и неиспровоцирана руска воена агресија против Украина и дејствија што го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, се вели во соопштението објавено на веб-страница на Советот на Европската Унија.

Денеска на нашата листа со санкции додаваме уште клучни поединци и членови на нивните семејства кои имаат значајна економска улога во поддршката на режимот на Путин и имаат финансиска корист од системот. Тие сега се предмет на замрзнување на имотот и забрана за патување. Нашата порака е јасна: оние кои овозможуваат инвазија на Украина плаќаат цена за своите постапки, изјави Жозеп Борел, висок претставник за надворешна политика и безбедност

 

Наведените поединци и субјекти вклучуваат 14 олигарси и истакнати бизнисмени вклучени во клучните економски сектори и обезбедуваат значителен извор на приходи за Руската Федерација – особено во металуршката, земјоделството, фармацевтската, телекомуникациската и дигиталната индустрија – како и членовите на нивните семејства. Денешната одлука ги надополнува листите на олигарси вклучени во секторите на нафта, гас, банкарство, медиуми и транспорт, донесени од Советот на 23 и 28 февруари 2022 година.

Исто така, воведени се санкции и за 146 членови на Советот на Руската Федерација, кои ги ратификуваа владините одлуки на „Договорот за пријателство, соработка и взаемна помош меѓу Руската Федерација и Народна Република Доњецк“ и „Договорот за пријателство, соработка и взаемна Помош меѓу Руската Федерација и Луганската Народна Република“.

Севкупно, рестриктивните мерки на ЕУ сега важат за вкупно 862 физички лица и 53 ентитети. Оние кои се назначени се предмет на замрзнување на имотот и на граѓаните и компаниите на ЕУ им е забрането да им даваат средства на располагање. Физичките лица дополнително подлежат на забрана за патување, што им оневозможува влез или транзит низ териториите на ЕУ.

Релевантните правни акти, вклучувајќи ги имињата на наведените поединци и субјекти, се објавени во Службениот весник на ЕУ.

Се подвлекува дека Европската унија најостро ја осудува неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Руската Федерација против Украина, како и вмешаноста на Белорусија во оваа агресија.

Европската унија бара Русија веднаш да ги прекине своите воени дејствија, безусловно да ги повлече сите сили и воена опрема од целата територија на Украина и целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина во нејзините меѓународно признати граници. Европскиот совет ги повикува вооружените формации поддржани од Русија и Русија да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и да престанат со нивната систематска манипулација со информации, вклучително и кампањи за дезинформации и сајбер-напади, се вели во соопштението.

Употребата на сила и принуда за промена на границите нема место во 21 век. Тензиите и конфликтите треба да се решаваат исклучиво со дијалог и дипломатија. ЕУ ќе продолжи да соработува тесно со соседите и ја повторува својата непоколеблива поддршка и посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија и на Република Молдавија. Ќе ја продолжи силната координација со партнерите и сојузниците, во рамките на ОН, ОБСЕ, НАТО и Г7, се потенцира во соопштението од Советот на ЕУ.

Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ