Руски војници пукаа врз психијатриската установа во селото Оскил, со 330 жители, во регионот Харков, пренесува Укринформ.
„Од 11 март непријателот не може да ги заземе нашите позиции поради силната одбрана на вооружените сили. Окупаторот сакаше да го заземе градот за два дена, но силниот отпор на линијата на фронтот и во задниот дел не го дозволи тоа “, објави на Телеграм шефот на Регионалната воена управа во Харков, Олех Синегубов.
Според Синегубов, непријателот нема друг избор освен цинично да го нападне цивилното население. Градот Изиум останува најкритичниот локалитет во регионот.
„Окупаторот повторно изврши брутален напад врз цивили. По воено злосторство со нападот на породилиштето во Мариупол, денеска непријателот удри во психијатриската установа во Оскил. Успеавме да евакуираме 73 лица во соседната институција. Во моментот на непријателскиот напад имаше 330 луѓе внатре, меѓу кои 50 пациенти со ограничена подвижност и 10 корисници на инвалидска количка. Се утврдува бројот на жртвите. Ова е воено злосторство против цивилното население, геноцид на украинската нација“, додаде шефот на администрацијата.
Обработил Д.М.