ЦИВИЛ денеска имаше интензивни активности во Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“. Од почетокот на денот, тимот на организацијата внесе неколку нови компоненти во својата агенда, а околу пладне се одржа и првиот „Мулти култи бриф“ (линк до видео).
Веднаш по онлајн брифингот во живот, претставниците на ЦИВИЛ одржаа и работна средба со проф. д-р Рубин Земон, поранешен пратеник и еден од најактивните учесници во процесот на креирање на стратегијата „Едно општество за сите“, а во кој учествуваа и голем број експерти и граѓански организации, меѓу кои и ЦИВИЛ.
По работната средба, проф. Земон даде и интервју за ЦивилМедиа што ќе биде објавено деновиве. До крајот на денот се воспостави комуникација со уште неколку видни личности од македонскиот јавен и политички живот. Во онлајн брифингот, ЦИВИЛ уште еднаш ги повика граѓанките и граѓаните да земат активно учество во оваа иницијатива.
Како и во низа други, така и во текот на овие активности на организацијата беше посветено внимание на руската агресија врз Украина и заканата против светскиот мир. Учесниците упатија пораки за поддршка на Украина и повик да се сопре војната што ја поведе Путин.