• Latest

Зеленски: Одговорноста за воените злосторства на руските војници е неизбежна

March 15, 2022

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Одговорноста за воените злосторства на руските војници е неизбежна

March 15, 2022 10:28
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Слободен народе на слободна земја! рече на почетокот на своето денешно обраќање Претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Заврши 19-тиот ден од нашиот отпор. Од историската војна. Уште еден тежок ден, кој сепак не приближува до победата, го приближува мирот до Украина, продолќи Зеленски.

Како и досега, непријателот е збунет. Тие не очекуваа таков отпор. Тие веруваа во својата пропаганда која со децении ги лаже за нас. Сè уште не можат да закрепнат. Но, тие веќе почнаа да сфаќаат дека со војна нема да постигнат ништо.

Нивните војници го знаат тоа. Нивните офицери се свесни за тоа. Тие бегаат од бојното поле, ја оставаат техниката.

Ние земаме трофеи и ги користиме за да ја заштитиме Украина. Денес, руските трупи се всушност еден од добавувачите на техника за нашата армија. Тие ни во кошмар не можеа да видат нешто такво.

И сакам да им кажам на руските војници. На оние кои веќе влегоа во нашата земја. И на оние кои допрва ќе бидат испратени да се борат против нас.

Руски регрути! Слушајте ме многу внимателно. Руски офицери! Вие веќе сфативте сè. Нема да земете ништо од Украина. Ќе одземате животи. Ве има многу. Но, и вашите животи исто така ќе бидат одземени.

Но, поради што да умирате? И зошто? Знам дека сакате да преживеете. Слушаме во пресретнувањето на вашите разговори што навистина мислите за оваа војна, за овој срам и за вашата држава. Вашите разговори еден со друг. Вашите повици дома до блиските. Сето тоа го слушаме. Извлекуваме заклучоци. Знаеме кои сте вие.

Затоа, ви нудам избор. Во име на украинскиот народ, ви давам шанса, шанса да преживеете. Ако се предадете на нашите сили, ние ќе се однесуваме со вас онака како што доликува да се третираат луѓето. Токму луѓето – достојно. Како што не ве третираат во вашата војска. И како што вашата војска не ја третира нашата.

Изберете!, повика Зеленски.

Нашите храбри бранители продолжуваат да им нанесуваат катастрофални загуби на руските трупи.

Наскоро бројот на соборени руски жиродини ќе достигне стотици единици. Тие веќе изгубија 80 воени авиони, стотици тенкови, илјадници единици друга техника.

За 19 дена, руската армија загуби повеќе војници во Украина отколку во двете крвави и повеќегодишни војни во Чеченија. Заради што?

Благодарен сум им на оние Руси кои не престануваат да се обидуваат да ја пренесат вистината. Оние кои се борат со дезинформации и им ја кажуваат вистината, вистинските факти на своите пријатели, блиски и роднини. И лично на девојката која влезе во студиото на Первиј канал со транспарент против војната. На оние кои не се плашат да протестираат. Сè додека вашата земја не се затворила целосно од целиот свет, претворајќи се во многу голема Северна Кореја, мора да се борите. Не смеете да ја изгубите вашата шанса.

Европската унија го одобри четвртиот пакет санкции против Русија. Четвртиот, и сигурен сум дека не е последен, потенцираше украинскиот Претседател.

Работиме со партнерите на нови ограничувања што ќе се применат против руската држава. Секој кој е одговорен за војната. Секој кој е одговорен за уништувањето на демократијата. Секој кој е одговорен за репресија врз луѓето. Секој ќе добие одговор. Одговорот од светот. И ова е само почеток.

Одговорноста за воените злосторства за руските војници е неизбежна. Одговорноста за свесно создадената хуманитарна катастрофа во украинските градови е неизбежна. Целиот свет гледа што се случува во Мариупол, Харкив, Чернигив, Суми, Охтирка, Гостомел, Ирпен. Во сите наши градови.

Сите наши партнери се информирани за злосторствата на окупаторите врз цивилите и локалната самоуправа во Херсонската и Запорожската област. Во привремено окупираните подрачја. За тоа ќе има одговор. Задолжително. За прекинатите хуманитарни коридори. Задолжително.

Во текот на денот на 14 март, 3806 Украинци беа евакуирани од градовите и населбите на Кијивската и Луганската област.

Нашата колона со 100 тони најпотребни работи за Мариупол се уште ја задржуваат во Бердјанск. Веќе трет ден. Но, ќе се трудиме. Ќе направиме се за жителите на Мариупол да добијат храна, вода и лекови.

Целосните информации за дејствијата на окупаторите на украинска територија ги пренесов во разговори со пријателите и партнерите на нашата држава. Секое агресивно дејствие на окупаторите само го турка светот на нови санкциони пакети.

Разговарав со Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Со Претседателот на Полска Анджеј Дуда. Со Премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел. Имаме стопроцентно меѓусебно разбирање.

Важен беше и разговорот со Премиерот на Израел Бенет. Како дел од преговарачките напори за што поскоро завршување на оваа војна. Со чесен мир.

На ова работеше и нашата делегација во преговорите со руската страна. Прилично добро, како што ме известија. Но, ќе видиме. Ќе продолжат утре.

Кабинетот на Министри на Украина договори пакет решенија за поддршка на нашата економија.

За да функционира бизнисот. За луѓето да имаат работа. Онаму каде што дозволува безбедноста. Онаму каде што луѓето се подготвени за тоа.

Прво. Почнуваме даночна реформа. Наместо ДДВ и данок на доход даваме стапка од 2% од прометот и поедноставено сметководство. За малите бизниси – а ова е првата и втората група трговци поединци – поставивме доброволно плаќање на единствен данок. Односно, ако можете – платете. Не можете – нема прашања.

Второ. Максимална дерегулација на бизнисот. Ги откажуваме сите проверки за сите бизниси. За сите да работат нормално. За градовите да оживуваат. За секаде каде што нема воени дејствија, животот да продолжи.

Има само еден услов: обезбедувате нормално функционирање на вашиот бизнис во рамките на украинскиот закон.

Ова се само првите два чекори од нашата даночна реформа. Ќе има уште, рече тој и додаде.

И, за крај. Штотуку потпишав указ за доделување државни награди на Украина на 234 војници на Вооружените сили на Украина, кои покажаа лична храброст и херојство во борбата за Украина, за нашата независност. 59 од нив – постхумно.

Вечен спомен на секој што го даде животот за нашата држава! Вечна благодарност до сите наши херои! Слава на Украина!го заврши своето обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ