• Latest

Марина Овсјаникова, руската новинарка која се спротивстави на војната: Тука ве лажат!

March 16, 2022

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Марина Овсјаникова, руската новинарка која се спротивстави на војната: Тука ве лажат!

„Се срамам што ја ширев пропагандата на Кремљ“, рече Марина Овсјаникова во видео пораката снимена пред нејзиниот протест на рускиот државен Прв канал. Која е таа и што ја чека?

March 16, 2022 11:43
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

„Татко ми е Украинец, мајка ми Русинка. Тие никогаш не биле непријатели“, вели Марина Овсјаникова во видео порака. Објавата на руската новинарка во која жали што работела за „пропагандата на Кремљ“ е снимена непосредно пред нејзината протестна акција во етерот на рускиот државен „Прв канал“.   Овсијаникова стана светска сензација откако се појави во студиото за време на главната информативна програма со антивоен постер на кој пишуваше: „Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Тука ве лажат. Русите се против војната,” пренесува Дојче Веле.

Russland Anti-Kriegs Protest in den Nachrichten auf Channel One
Антивоената порака на Овсјаникова за време на вестите на првиот канал на руската државна телевизија

 

Што ја очекува Овсјаникова по протестот?

Според руската агенција ТАСС, Овсјаникова била приведена веднаш откако застанала пред камерата за време на временската прогноза. Таа најверојатно ќе одговара за „јавни дејствија насочени кон дискредитација на акциите на руските вооружени сили со цел да се заштитат интересите на Руската Федерација и нејзините граѓани“, се вели во соопштението на новинската агенција. Според неодамна усвоената легислатива во Русија, ширењето на „лажни вести“ за руската армија може да се казни со до 15 години затвор. Но Овсјаникова може да биде обвинета и за поттикнување на „граѓанска непослушност“ со тоа што ги повикала Русите да протестираат против војната.
Тоа може да се насети од изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков кој го оцени нејзиниот настап како „хулиганизам“. Додека во телевизијата се води интерна истрага за инцидентот, профилот на Овсјаникова на Фејсбук собра поддршка од над 100.000 луѓе.

Нејзиниот адвокат Даниил Берман вели дека уште не му бил дозволен контакт со Овсјаникова, која е мајка на две малолетни деца. Тој очекува тешка казна за неговата клиентка.
„Многу е веројатно дека властите ќе сакаат да направат пример од неа, за да ги замолкнат останатите незадоволни“, вели Берман.

 

! Russia’s main propaganda “news program” tonight. pic.twitter.com/lrRVnF8LoW

— Christo Grozev (@christogrozev) March 14, 2022

 

Поддршка од целиот свет 

Марина Овсјаникова е првата уредничка во руските државни медиуми која гласно се изјасни против војната во Украина. Од почетокот на офанзивата, која Кремљ официјално ја нарекува „специјална операција“, речиси 15.000 луѓе во Русија се приведени поради учество во антивоени протести. Десетици руски медиуми се блокирани, а пристапот до платформите како Фејсбук и Инстаграм е суспендиран.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на Русите „кои не се плашат да протестираат“ и „особено на жената што влезе во студиото на Првиот канал со постер против војната“.
Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за судбината на новинарката, а неговите дипломати ќе и понудат заштита и азил.
Портпарол на Европската комисија оцени дека Овсјаникова заземала „храбар морален став… за да се спротивстави на лагите и пропагандата на Кремљ на државната телевизија“.

На вчерашното судење, Марина Овсјаникова, за упадот во тв-програмата на руската државна телевизија со транспарент против војната во Украина, за едно обвинение -организирање неовластен јавен настан, доби парична казна од 30.000 рубљи или околу 250 евра..

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ