Во денешниот воздушен напад на руските егресори врз студентски дом во Чернихив загинаа три деца и нивните родители, објави Државната служба за итни случаи на Украина на Фејсбук.
„При отстранување на рушевините од погодената зграда, спасувачите отстранија убиено семејство од пет лица: три деца, момче и девојче, 3-годишни близнаци, 12-годишна сестра и нивните родители. Сите тие беа убиени како резултат на непријателски воздушен напад врз студентски дом“.
Како што објави на Телеграм Вјачеслав Чаус, шеф на Регионалната воена управа на Чернихив, непријателот продолжува со систематски артилериски и воздушни напади на регионалниот центар, уништувајќи ја цивилната инфраструктура. Само вчера, градската мртовечница прими 53 тела на украински граѓани кои беа убиени од рускиот агресор, „и за секој наш граѓанин ќе се одмаздиме и ќе убиеме“.
Подготвил Д.М.