ВОЈНА ВО УКРАИНА
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХХР) забележа 2.361 цивилна жртва во Украина од почетокот на вооружениот напад на Руската Федерација против Украина на 24 февруари, пренесува Укринфо.
Од утрото на 21 март 2022 година, потврдениот број на деца убиени како резултат на руската инвазија изнесува 115. Бројот на повредени деца порасна на 148. Најголем број жртви се регистрирани во регионот Киев. – 58, регионот Харков – 38, регионот Донецк – 29, регионот Чернихив – 31, регионот на Миколаев – 22, градот Киев – 16, регионот Житомир – 15, регионот Суми – 14 и регионот Керсон – 15, пренесува Укринформ.
Децата кои бегаат од Украина за време на руската инвазија се во опасност да станат жртви на трговија со луѓе, изјави денеска еврокомесарот за миграција, Илва Јохансон.
Јохансон на прес-конференција во Естонија изјави дека околу половина од 3,3 милиони Украинци кои побегнале во земјите на ЕУ од почетокот на војната се деца, а се очекува и повеќе.
Руски агресори киднапираа четворица новинари во Мелитопол, соопшти Националниот синдикат на новинари на Украина на Телеграм, пренесува Укринформ. Според соопштението, на 21 март, вооружени лица дошле во домот на новинарите на МВ холдинг – издавачот Михаило Кумок, уредничката Јевхенија Боријан и новинарите Јулија Олховска и Лиубов Чајка – и ги одвеле во непознат правец.
Руските и украинските мировни преговарачи денеска одржаа 90-минутен видео-повик, а работните групи ќе продолжат со разговори во текот на денот, изјави членот на украинската делегација Давид Арахамија.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Петровска: Нема реална опасност за стабилноста и безбедноста на нашата земја
„Реални закани нема. Нашите надлежни институции преземаат мерки за следење и известување во однос на евентуални ризици, но според сите досегашни информации од релевантите служби, засега нема реална опасност за стабилноста и безбедноста“, вели министерката за одбрана, Славјанка Петровска во изјава за Дојче Веле одговарајќи на прашањето дали постои ризик она што се случува во Украина да се прелее и во регионот на Западен Балкан.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИЗБОРИ Државната изборна комисија на денешната седница ја запре постапката за избор на градоначалник на Општина Маврово Ростуше, откако минатата недела кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски ја повлече кандидатурата, бидејќи нема противкандидат.
ДЗС Во 2021 година активното население во земјава изнесувало 943 004 лица, од кои вработени се 795 087, а 147 917 лица се невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
ПОМОШ 6.500 домаќинства со ниски приходи ќе продолжат да добиваат дополнително намалени сметки за електрична енергија, како и 35 семејства, кои се исто така од ранливи категории, изјави премиерот Ковачевски.
ДИСТРИКТ
Јордановска: Цивил не е само невладина, Цивил е демократски фронт на граѓанските битки за право, правда и еднаквост
Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Биљана Јордановска – новинарка, уредник, граѓанска активистка, една е од брендовите на веќе култната „Цивил“ и една од столбовите на порталот „Цивил медиа“. Таа зборува за темелните вредности на Цивил и Цивил медиа, за минатите, актулените и идните Цивил битки за едно општество за сите, за држава еднаква за сите, за граѓанското и институционалното, за космополитското и ксенофобното, за етничкото и мултикултурното, за медиумските вистини и медиумските лаги, како и за по нешто за себе.
Малата Амелиа што ја пееше „Let it Go“ во засолниште во Киев, ја испеа националната химна на Украина на хуманитарен концерт во Полска
Remember the girl who sang Frozen in a Ukrainian bomb shelter?
She just sang on stage at a charity concert in Poland pic.twitter.com/wKOr5e6S69
— James Longman (@JamesAALongman) March 21, 2022
СЛОБОДНА ЗОНА

„После триесет години и многу вистини за војната во некогашна Југославија, јазот меѓу народите што таа го направи не се пополнува. Како да не беше доволно тоа искуство, пак некои лица жедни за власт и моќ, тропаат на војните барабани. Од Украина стигнуваат слики и снимки од страшилото што епски го нарекуваме војна. Деца страдаат, колони ги напуштаат домовите се рушат градови. Сигурен сум дека моиве текстови нема да допрат до оние што се господари на војната, на животот и смртта.“, пишува Војо Маневски во колумната „Војната нема милост“.

„Воените експерти се согласуваат дека ова сурово руско „срамнување со земја“ на градови и села во Украина не било во првичниот план. Па, и не би смеело да биде. Особено што и нема да го даде посакуваниот окупаторски резултат, освен да му го спаси „образот“ на Путин. Тој сега не е во состојба ни да преговара со Зеленски, иако глуми дека сака и „купува време“ додека не постигне нешто повеќе од ова до каде е застанат во војната.“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Русија е веќе кинеска „сфера на интерес“.
Д. Тахири












