• Latest

Зеленски до жителите на украинските градови: Бркајте ги окупаторите, бркајте ги овие робови

March 22, 2022
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски до жителите на украинските градови: Бркајте ги окупаторите, бркајте ги овие робови

March 22, 2022 10:00
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, преку  видео одделно да им се обрати на украинските градови и на храбрите луѓе од овие градови,  на слободниот југ на Украина, каде што сонцето сјае само за посакуваните гости, а не за случајните „туристи“ на тенкови. До Бердјанск, Каховка, Енергодар, Мелитопол и, се разбира, Херсон.

До Херсон, рече во обраќањето Зеленски, каде што денес видовме како робови пукаа по слободни луѓе. Робови на пропагандата што ја заменува нивната свест. Робови кои се навикнаа сите да ги пакуваат во полициски комбиња. Дури и бабичка со чист бел плакат. Па дури и девојка со лист А4, на кој е испишан само еден збор – „мир“.

Овие робови испратени од Русија никогаш не виделе толку многу слободни луѓе на плоштадите и улиците. Никогаш не виделе илјадници луѓе кои не се плашат од нив, од робови со оружје во рацете. Робовите волјата ја доживуваат како дивјаштво, како опасност. Тие се исплашени. Страв кој пропагандистите знаат да го претворат во омраза. А потоа – пукање во мирни слободни луѓе.

Херсон, држи се! Никогаш нема да ги заборавиме овие снимки. Снимки од вашиот град. Сите бевме заедно со вас на вашиот плоштад и улици. 40 милиони Украинци од нашата држава. Милиони и милиони Украинци во светот. Сите ве видовме како стоите. Какви сте. Сите почувствувавме колку вие сакате да си ја вратите слободата. На земјата, каде што, гледајќи го Млечниот Пат, Чумаците тргнаа по сол, на непријателите нема да им биде слатко.

И штом ќе се пробиеме до вас, црна лента го чека секој окупатор кој пукал во мирните жители на Херсон само заради сино-жолтата боја.

А истото ги чека и белите од стравот на руската војска, кои денеска беа протерани во Енергодар. Мирните Украинци ги избркаа со голи раце.

Црна лента ќе имаат окупаторите во Бердјанск, Мелитопол и Каховка. Секаде каде што окупаторите го заробуваат нашиот народ. Тие што мислат дека го организираат отпорот. Но, кај нас не е Русија. Запомнете. И тука нема потреба да се организира отпор. Отпорот за Украинците е сопственост на душата. И навистина сакам вие, сите наши Украинци на југ, никогаш ниту за момент да не помислите дека Украина не ве памети.

Секогаш кога ви е тешко, кога ве боли, кога давате отпор и покрај се, ве молиме знајте дека нашите срца се скршени во овој момент, бидејќи не сме во ваша близина, реше Зеленски.

И го молиме Бог да ве поддржи додека не можеме да ги избркаме туѓинците. Ова е подвиг што протестирате. Среќа е што имаме такви луѓе. Што сите ние сме Украина, потенцираше украинскиот лидер.

За време на оваа инвазија, милиони наши луѓе постојано се прогласуваат херои. Некогаш – обични Украинци, а сега – борци. Мажи и жени кои стануваат за нашата држава. Насекаде: на југ, на исток, на север, во центар, на запад и во странство. Стануваат така што на непријателот не му се верува. Тој не верува дека тоа е навистина реалноста.

Но, ние ќе ги натераме да веруваат. И ќе ги натераме да се сетат дека немаат пат до нас, порача Зеленски.

И никогаш нема да биде. До Кијив, кој храбро и величествено стои над Днепар. До Харкив … Гордиот, уреден, образован Харкив. Кој тие го напаѓаа, а тој никако не им се покорува. Чернигив. Антички! Чернигив, кој уште од времето на ордата не знаел такви ѕверства, кои сега ги доживува од руската војска.

Суми, Охтирка и Лебедин … Изјум, Дергачи … Волноваха, Попасна … Бородјанка, Гостомел, Макарив … Миколаив …

Мариупол! Вреден и чесен град! Мариупол. Кој окупаторите едноставно го уништуваат. Го уништуваат до пепел. Но, што ќе ги надживее нив сите. Незначителните робови кои не знаат да се грижат за сопствената земја. За сопствените луѓе. И одат и кај туѓи.

Се бориме за секој Украинец! И ние се сеќаваме на сите! На секој и на секоја сме им благодарни. Како на луѓето, така и на овие прекрасни градови.

Како и на Лавов, како и на Франкивск, Хмелницки, Черновци, Тернопил, Луцк, нашиот Ужгород … Кропивницки, Запорожје, Днипро, Криви Риг … Виниција, Ривне … Черкаси, Полтава … Одеса!

Оние кои можеби ретко се спомнуваат во говорите. Но, кој се грижи за нашата заедничка иднина. За Украина. И за слободата – за секој од нас. Кој прифаќа луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови. Кој работи за одбрана. Кој праќа хуманитарни производи. Кој ги сместува евакуираните бизниси. Кој лекува, кој помага. На сите нас, а со тоа и на самите себеси.

Голем народе на голема Украина!, рече Зеленски,. И ова не случајно го велам – голема Украина. Затоа што апелирам до сите во нашата држава и до оние во странство. Во градовите и селата. На слобода и привремено под окупација. На Крим, во Доњецк, во Луганск. Каде што исто така мора да се борат за слобода и да не чекаат.

Се обраќам до сите Украинци. Каде и да сте. Направете се за да ја заштитите нашата држава, повика Зеленски. За спасување на нашиот народ. Борете се. Војувајте и помагајте. Бркајте ги овие робови! Бркајте ги окупаторите! За Украина да живее. И сите ние заедно со неа. Слободна и мирна. Која ние толку многу ја сакаме, го заврши своето обраќање украинскиот претседател Зеленски со повикот: Слава на Украина!

Подготвил Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ