Специјалниот пратеник на рускиот претседател за климатски прашања, Анатолиј Чубаис, поднесе оставка од функцијата и ја напушти Русија, пренесува Блумберг.
Според два неименувани извори, како причина за својата одлука Чубаис го навел спротивставувањето на војната на Путин во Украина.
Чубаис (66) е еден од ретките економски реформатори од 1990-тите кои останаа во владата на Путин и одржуваа блиски врски со западните претставници. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не одговори веднаш на барањето за коментар, наведува Блумберг.
Познат како архитект на руските приватизации во 1990-тите, Чубаис му ја даде на Путин првата работа во Кремљ во средината на 90-тите и првично го поздрави неговото доаѓање на власт на крајот на таа деценија.
За време на Путин, Чубаис ги презеде главните работни места во големите државни компании се додека минатата година претседателот Путин не го именуваше за пратеник за одржлив развој.
Подготвил Д.М.