• Latest
Џабир Дерала

Кутриот Мицкоски

March 27, 2022

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Кутриот Мицкоски

Се пожали дека државата не му дала обезбедување, а дека има „структури“ што сакаат „да го нема, да го тргнат, по можност и физички“...

March 27, 2022 20:00
in КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Во две минути од интервјуто на Христијан Мицкоски за ТВ 21 се откриваат сите негови политички, но и лични фрустрации. Неверојатно! Во државата има структури што не сакаат чесност, визија и работа, а сакаат да го тргнат него, да го нема, „по можност и физички“. И се пожали од закани. И дека нема обезбедување од државата…

Ова дојде од шефот на најбогатата партија во Европа. Тоа е истата партија што се „прослави“ со 11-годишна организирана пљачка на државата, изборни кражби, структурно насилство и кршење на човековите права и слободи. И во ниту еден момент не се извини и не се огради од своето неодамнешно минато.

Самата партија располага со мала армија „горили“ за кои е познато дека се вооружени до заби. Дури и нејзиниот портпарол се однесува како уличар и насилник. Ете, тој се пожали дека државата не му дала обезбедување! Според анонимни извори на Фронтлајн (февруари, 2020), дури и неговата сопруга одела на работа (во средно училиште) со службеното возило и обезбедување на партијата.

Никогаш не објасни ништо пред јавноста, ниту за своето минато кога одеднаш се стекна со хидроцентрали, ниту кога наводно ги продаде. Не одговори на ниту едно прашање, а ја држеше партијата во тотална изолација за време на сите клучни процеси од падот на режимот наваму. Неговата партија ревносно ги кочеше и сѐ уште ги кочи сите важни процеси во парламентот, а особено беше успешна во кочењето на правосудните реформи и законот за Јавно обвинителство. Јавно не искажа ниту еден став за било кое значајно прашање за земјата, за регионот или за светот. Ниту еднаш, откако го поставија на тронот на партијата. А секаде се појави како кочничар, иако и тоа гледаше да не го направи премногу јавно.

Затоа ли треба да му платат граѓанките и граѓаните полициско обезбедување на Мицкоски? Покрај партиското кое го има во секој момент? Од партијата што се финансира од буџетот на Северна Македонија и од кој знае колку други места?

На Мицкоски не му е потребно обезбедување, го има. Нему му е потребна храна за неговата безгранична потреба да биде V.I.P. Никој не сака да го тргне, ниту политички, ниту физички. Некои велат дека дури е и најдобро да остане лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи така ѝ штети на сопствената партија. Партијата под негово водство изгуби во сите политички битки и процеси, освен локалните избори во 2021, иако и за тоа постојат релевантни анализи дека тој нема заслуги за тоа.

Во тие две „критични минути“ од интервјуто, Мицкоски се пожали дека секојдневно добивал закани, дури и по неговиот живот. Кутриот тој. Тој што пцуе како кочијаш по социјалните мрежи, се жали на говор на омраза против него. Тој и неговата партија се дел од меѓународни извештаи за дезинформации и стекнаа светска „слава“ како креатори и дистрибутери на дезинформации и црна пропаганда.

Треба ли да ги споменеме сите насилства, почнувајќи од 27 април 2017 година, нападите врз медиумите и опонентите, па сѐ до директните закани и насилничко однесување за време на локалните избори 2021 година? И тоа само откако Груевски го назначи за свој наследник, за да му го грее столчето додека тој не се врати во земјата (ако некогаш се врати).

Ако навистина има говор на омраза против него, тоа е за осуда и мора да запре. Како што и тој може еднаш, барем еднаш (!), да го осуди говорот на омразата во кој се повикува на истребување на цели етнички заедници. Може барем еднаш (!) да ги повика партиските милитанти да престанат со гнасни навреди, омраза и повици за егзекуција на политичари, новинари, интелектуалци, уметници, јавни личности… Ама како? Па тие се дел од партијата! Тоа се ботовите и троловите кои се ухлебени во партијата, но и во државната администрација, општините, полицијата, армијата, школите… Како ним да им каже дека треба да престанат?

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ