Од почетокот на целосната руска инвазија, Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХХР) забележа 3.167 цивилни жртви во Украина, известува Укринформ повикувајќи се на податоците дадени од ОХЦХР на својата веб-страница.
Загинаа вкупно 1.232 цивили, од кои 250 мажи, 176 жени, 18 девојчиња и 36 момчиња, како и 58 деца и 694 возрасни лица чиј пол сè уште не е познат.
Повредени се вкупно 1.935 цивили, од кои 225 мажи, 167 жени, 36 девојчиња и 32 момчиња, како и 81 дете и 1.394 возрасни чиј пол се уште не е познат.
Забележано е дека најголем дел од регистрираните цивилни жртви биле предизвикани од употреба на експлозивно оружје со широка област на удар, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и повеќецевни ракетни системи за лансирање, како и ракетни и воздушни напади.
„ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, бидејќи приемот на информации од некои локации каде што се водат интензивни непријателства е одложен и многу извештаи сè уште чекаат на потврда. Ова се однесува за Мариупол и Волноваха (регион Донецк), Изиум (регион Харков), Попасна (регион Луганск) и Ирпин (регионот Киев), каде што има наводи за бројни цивилни жртви. Овие бројки дополнително се потврдуваат и не се вклучени во горната статистика“, велат од канцеларијата.
Д.Мишев