• Latest
by Balkan Green Energy News

МФ и СБ подготвуваат решенија за поддршка на компаниите за зелена и дигитална трансформација

April 1, 2022

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

МФ и СБ подготвуваат решенија за поддршка на компаниите за зелена и дигитална трансформација

April 1, 2022 10:28
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
by Balkan Green Energy News

by Balkan Green Energy News

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии заедно со Светска банка работи на воспоставување инвестициски фондови во земјава за поддршка на компании во сферата на зелената и дигитална трансформација. Решенијата кои се во фаза на подготовка, а се дел од нацртстудијата подготвена од нивна страна, беа дискутирани на средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со Мисијата на Светска банка за иновации и конкурентност предводена од Масимилијано Паолучи, постојан претставник на банката во земјава, пренесува МИА.

Како што информираат од Министерството за финансии, станува збор за инвестициски фонд за микро, мали и средни претпријатија за инвестиции за зелена и дигитална трансформација во ФИТР, како и стратешки инвестициски фонд за поддршка на инвестиции во ТИРЗ и инфраструктурата во зоните.

– Воспоставувањето на овие фондови произлегува од потребата за финансиска поддршка на компании кои се во фаза на основање и компании на кои им требаат средства за развој, но не можат да ги обезбедат во традиционалниот банкарски сегмент, како и за инвестиции на компаниите во проекти за намалување на штетното влијание врз животната средина и енергетската ефикасност, наведуваат од МФ.

Од Министерството посочуваат дека инвестициите во иновации, нови производи, дигитална трансформација, проширување на нови пазари, модернизација на опремата, подобрување на продуктивноста и воведување еколошки стандарди во производството ќе придонесат за закрепнување на претпријатијата во пост-ковид периодот и придонес кон забрзан економски раст.

– Двата фонда се дел од предвидените финансиски инструменти во Планот за забрзан економски раст на Министерството за финансии, со кој ќе се поддржат инвестиции од јавниот и приватниот сектор, а во насока на достигнување просечни годишни стапки на раст од над пет отсто. Приоритетни области се подобрување на конкуреноста на економијата и подобрување на квалитетот на живот, а се насочени во повеќе приоритетни области како што се зелена економија, дигитализација, иновации и технолошки развој, развој на физичка инфрастуктура и човечки капитал, како и социјална кохезија, посочуваат од Министерството за финансии.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ