Новата рунда преговори меѓу Украина и Руската Федерација сега е во тек во формат на видео конференција, изјави член на украинската преговарачка делегација, советник на шефот на кабинетот на претседателот, Михаило Подољак, пренесува Укринформ.
„Преговорите продолжија онлајн – со вклучување на работни подгрупи“, нагласи Подољак.
На 29 март, во Истанбул се одржаа преговори лице в лице меѓу украинската и руската делегација, со посредство на турскиот претседател Ердоган.
Како што изјави шефот на украинскиот преговарачки тим, Дејвид Арахами по завршувањето на преговорите, преместувањето на преговорите од Белорусија во Турција е првата украинска победа во преговорите.
На преговорите, украинската делегација понуди голем број предлози за ставање крај на руско-украинската војна, вклучително и потпишување на меѓународен договор за безбедносни гаранции за Украина.
Д.Мишев