Претседателите на Украина и Русија Володимир Зеленски и Владимир Путин „со голема веројатност“ ќе се сретнат во Турција, изјави шефот на украинската делегација на разговорите Дејвид Арахамија за време на телетонот на украинската телевизија во саботата, пренесува украински Интерфакс.
Според него, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера се јавил на Зеленски и на Путин, и тој како да потврди од своја страна дека се подготвени да организираат средба во блиска иднина“.
„Ниту датумот, ниту местото не се познати, но веруваме дека местото со висок степен на веројатност ќе биде Истанбул или Анкара“, рече Арахамиа.
На 29 март, во Истанбул се одржаа преговори лице в лице меѓу украинската и руската делегација, со посредство на турскиот претседател Ердоган.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека преговорите помеѓу Русија и Украина не беа лесни, но главно е тоа што тие продолжуваат.
Тој додаде дека Русија би сакала да ги продолжи разговорите со Украина во соседна Белорусија, но Киев се спротивстави на идејата.
Русија и Украина одржаа неколку рунди разговори во Белорусија минатиот месец.
Д.Мишев