ЕУ може да воведе ембарго на руската нафта и гас. За новите санкции ќе се разговара во среда на 6 април, пишува украинскиот портал Слово и дило.
Европската унија се подготвува да воведе дополнителни санкции кон Русија поради извештаите за злосторствата на руската армија во близина на Киев. Новиот пакет мерки ќе се разгледува во среда на 6 април.Ова го објави Фајненшл Тајмс, повикувајќи се на извори.
Новите рестриктивни мерки предложени од некои земји-членки вклучуваат дополнителни индивидуални санкции, забрана за руските пристаништа да ги користат пристаништата на ЕУ, дополнителни извозни ограничувања и ембарго за снабдување со енергија како јаглен, нафта или гас.
Потсетуваме, претходно Дмитро Кулеба изјави дека новиот пакет санкции против Русија цврсто ќе ги блокира можностите на Москва да ги заобиколи претходно воведените ограничувања.
Медиумите, повикувајќи се на извори, објавија дека новите рестриктивни мерки би можеле да ги погодат членовите на семејствата на олигарсите и банките.
Треба да се напомене дека десет дена по инвазијата на Украина, Русија ги престигна Иран и Северна Кореја по бројот на воведени санкции кон неа. Така, Русија стана светски лидер по бројот на рестриктивни мерки против неа.
Превод Жорж Димовски