Околу 30 загинале, околу 100 луѓе се повредени во денешниот ракетен напад врз железничка станица во Краматорск, каде што илјадници мирни Украинци чекале евакуација, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук.
Напаѓачите удриле во „поинт-ин“ на железничката станица Краматорск, каде што илјадници мирни Украинци чекале евакуација… Околу 30 загинале, околу 100 луѓе биле повредени со различен степен на сериозност. Полицијата и спасувачите се веќе на местото на настанот. Руските нелуѓе не ги напуштаат своите методи. Немајќи сила и храброст да се соочат со нас на бојното поле, тие цинично го уништуваат цивилното население. Ова е зло кое не познава граници. И ако не се казни никогаш нема да престане, напиша Зеленски во објавата.
Д.Мишев