ВЕСТ НА ДЕНОТ
Рускоска: Имаме податок каде се парите, предметот против Зекири е добиен во втората половина на 2021
Обвинителката, Вилма Рускоска, денеска изјави дека предметот за истрагата за проневера која е покрената против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири и уште двајца хрватски државјани, Обивнителството за организиран криминал го добило во втората половина на 2021 година.
– Истрагата се водеше од Министерството за внатрешни работи, а Обвинителството го доби случајот во втората половина на 2021 година. Од тогаш, надлежниот обвинител издаде повеќе наредби за собирање докази и во текот на вчерашниот ден стигна и последното известување, по што надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување истрага и предлог за определување мерка притвор за осомничените. По таа мерка, Судот ќе одреди како ќе постапува понатаму. Имаме податок за тоа каде се парите.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Околу 30 загинале, околу 100 луѓе се повредени во денешниот руски ракетен напад врз железничка станица во Краматорск, каде што илјадници мирни Украинци чекале евакуација.
Алуминиумската компанија на Олег Дерипаска „Русал“ стана првата руска компанија која објави повик за истрага на воените злосторства во Украина по масакрот во Буча.
Руските пропагандисти планираат да ги искористат телата на убиените Украинци за да создадат уште еден фалсификат, чија цел е да ја обвинат украинската војска за масовни убиства, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски во видео обраќањето на 43-от ден од руско-украинска војна.
Режимот во Кремљ започна прикриена мобилизација на резервисти и регрутирање на таканаречени „волонтери“, за да испратат во Украина платеници од најсиромашниот регион на Руската Федерација – Тува, да убиваат и ограбуваат. Во исто време, нивната униформа и опрема се навистина неверојатни – наместо цврсти војнички чизми тие имаат гумени чизми.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ДЕН НА РОМИТЕ Со поставување на знамето на Ромите на јарбол пред зградата на Владата, интонирање на химната на ромскиот народ и свечен прием, денеска беше одбележан Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април.
ОСТАВКА Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири објави на Фејсбук дека поднесува неотповиклива оставка од функацијата. Ова доаѓа откако Јавениот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против Зекири и двајца хрватски државјани.
ИНТЕГРАЦИИ Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на неговата работна посета на Република Грција, по повод учеството на Економскиот форум Делфи, оствари средби со австриската министерка за европски прашања, Каролин Едштадлер и специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, информираат од Владата.
СРЕДБА Премиерот Димитар Ковачевски за време на Економскиот форум Делфи во Грција, оствари средба со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, информираат од владината прес служба.
СОЦИЈАЛНА ПРАВДА По објавените содржини на социјалните медиуми од страна на вработена во ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје, а кои се однесуваат на неправилности во работењето на установата, како и несоодветна грижа за корисниците на социјални услуги, инспектори од Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на децата при Министерството за труд и социјална политика извршиле вонреден инспекциски надзор во кој било конатстирано дека нема неправилности во постапувањето и работењето на Заводот.
ГРАД СКОПЈЕ Крајно сме разочарани од одлуката на Град Скопје да не ја поддржи овогодинешната музичка програма на единствениот фестивал за феминизам и феминистичка култура во Северна Македонија, ПРВО ПА ЖЕНСКО, реагира преку Фејсбук објава организацијата за заштита на женските права Тиииит! Инк.
Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески најави тужба за генсекот на Левица, Јована Мојсоска и побара јавно да му се извини во рок од 24 часа, а доколку не го стори тоа пратеникот ќе бара надомест за нарушување на честа и угледот. Мојсоска на Твитер објави дека пратеникот од Струга и координатор на претеничката група на СДСМ, Митрески гласаше против намалување на патарините, а истиот во 2017 година само во два месеци искешира 100.000 денари за патни трошоци (од тие два месеци, еден месец не работеше Собранието).
Пратеникот Митрески најави дека добиените средствата од тужбата ќе ги донира за санација на спомен куќата на Христо Узунов во Охрид, за која Мојсоска во 2016 заработи кривична поради оштетување!
МУЛТИКУЛТУРА
Беса Арифи, професорка по кривично право и криминологија во Универзитетот на Југоисточна Европа, во интервју за ЦИВИЛ ги разложува аспектите на меѓуетничката состојба во Република Северна Македонија, проблемите, и начинот на кој тие може да се надминат.
Легендарните Пинк Флојд објавија нова песна „Hey, Hey, Rise Up“ во знак на поддршка на Украина, во соработка со Андриј Хливњук, пејачот на украинската група „Бумбокс“.
СЛОБОДНА ЗОНА

Ако во последната колумна ја третирав операцијата на шишање на граѓаните во таковината ни, си најдов замерка што не ја спомнав поубавата половина на попишаните граѓани поточно граѓанки. Моите познавања од таа тема се на многу ниско ниво, а и ми недостасува храброст да пишувам за женската убавина. За оваа тема ќе се послужам со мислата на еден мој исписник кој вели „порано имаше и убави девојки и помалку убави, ама кога поминав одреден број на години на овој свет, сите жени ми се убави“. Затоа темата со фризирањето на женскиот свет ќе ја оставам на оние што имаат многу повеќе познавање од мене и по истенчен вкус, пишува Војо Маневски во колумната „Бричење на суво“

Социополитичката машина за мелење месо постојано ги држи Ромите на трпезата, свежи и спремни за правење плескавици за потребите на побројните, моќните и „вредните“. Ромите, непожелни и вековно омразени, кога се веќе тука, имаат неколку сосема споредни „улоги“ во животот на едно општество. Тие улоги се сведени главно на нивната умешност да организираат живописни свадби и други веселби, да свират и пеат по кафеани, да чистат скалила или ветробрански стакла. Но тука се да бидат и редовен предмет на потсмев и презир, боксерска вреќа на сите, па и на најмногу онеправданите, бидејќи, нели, Ромите се подолу од сите, помалку вредни од сите. Поточно, тие се безвредни, пишува Џабир Дерала во својата анализа „ Меѓу антициганизмот и борбата за човекови права“
Д.Мишев












