Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХХР) соопшти дека од почетокот на руската инвазија врз Украина се убиени 1.793 цивили, а 2.439 се повредени.Меѓу убиените има 458 мажи, 294 жени, 27 девојчиња и 46 момчиња, како и 69 деца и 899 возрасни чиј пол сè уште не е познат.
Меѓу повредените има 279 мажи, 213 жени, 47 девојчиња и 46 момчиња, како и 136 деца и 1.718 возрасни чиј пол сè уште не е познат.
Повеќето од регистрираните цивилни жртви биле предизвикани од употреба на експлозивно оружје со широка област на удар, вклучувајќи гранатирање од тешка артилерија и повеќекратни ракетни системи за лансирање, како и ракетни и воздушни напади, се вели во извештајот.
ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, бидејќи добивањето информации од некои локации каде што се водат интензивни непријателства е одложено и многу извештаи сè уште чекаат потврда. Ова се однесува, на пример, за Мариупол и Волноваха (регионот Доњецк), Изиум (регионот Харков), Попасна (регионот Луганск) и Бородинка (регионот Киев), каде што има наводи за бројни цивилни жртви. Овие бројки дополнително се потврдуваат и не се вклучени во горната статистика.
ОХЦХР го забележува извештајот на Генералното обвинителство на Украина, според кој до 20 часот на 10 април (по локално време) биле убиени 176 деца, а најмалку 336 повредени.
Според ОН, бројот на украинските бегалци надмина 4,5 милиони.
Д.Мишев