• Latest

Муратов: Ако целиме кон еднакво и праведно општество, јас нема да сум бројка и процент

April 12, 2022
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Муратов: Ако целиме кон еднакво и праведно општество, јас нема да сум бројка и процент

April 12, 2022 11:26
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИЗЈАВИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ромите не се само Роми за 8-ми април, тие се Роми и утредента. Видовме изјави дека се ќе биде супер, но еве денеска, после четири дена Ромите веќе никој не ги спомнува. Дури нема ниту говор на омраза овие четири дена по меѓународниот ден на Ромите. Тоа е она што се вика бавен процес – изјави дека ќе има некаква стратегија, имплементација, вработување, изјави денеска во Утрински брифинг  Дехран Муратов од ЦИВИЛ.

Кај нас се постои на хартија. Ние така функционираме. Сите Закони постојат на хартија. Имаме убави Закони, но кога ќе дојдат за имплементација тие како да се заташкуваат, не се имплементираат толку бргу.

Зошто е тоа така… Имавме стратегија за Ромите до 2021. Сега имаме нова стратегија, која што ќе трае неколку години. Она што е интересно е што ние правиме стратегии и тие кога ќе заврши таа стратегија тука се завршува. Не е потребна нова стратегија, тука истата треба да продолжи. Ако имаме стратегија за вдомување, за вработување, и ако тој проблем се заврши, ние веќе треба да бараме нивно внесување во системот, а не да ги оставиме на улица и да се снаоѓаат како знаат и умеат, бидејќи тие повторно ќе станат терет на државата, додава Муратов.

Муратов се осврна на континуираниот недостаток од матичен гинеколог во општина Шуто Оризари.

Во Шуто Оризари повторно нема гинеколог. Верувам дека сега, на следните парламентарни избори, а можеби ќе има и предвремени, повторно ќе има средби со министер за здравство, кој и да е во моментот, ќе се слика со некој гинеколог, ќе завршат изборите, ќе остане тој гинеколог уште еден, два три месеци, и потоа тој ќе замине. Дури и со субвенции, и плус бенефиции од државата, тој сепак после неколку месеци заминува од таа општина, од икс причини. Организациите што работат на оваа тема, треба да се осврнат на вистинските причини, зошто е тоа така, а не само да критикуваат.

Можеби има вистинска причина зошто тие гинеколози остануваат само неколку месеци во таа општина, и потоа заминуваат. Можеби треба да се направат други стратегии како да се задржат тие гинеколози. Последниот гинеколог што работеше во општината, од министерство беа свесни дека ќе му заврши работниот век, и во меѓувреме не се направија напори да се најде нов. И сега тие жени повторно немаат гинеколог, повторно тие жени патуваат до други општини каде што има гинеколог, е се изложуваат на дополнителни трошоци.

Тоа што сакам да го кажам е дека на овој начин, дел од политичарите собираат политички поени.

Во однос на дискриминацијата на Ромите од политичките чинители и од генералното општество, Муратов посочи дека довербата во ромската заедница кога се работи за политички позиции со егзекутивен карактер, е минимална.

Во составот на оваа влада немаме министер, имаме само еден или советници и еден пратеник, и толку тука завршува првиот ешалон. Во вториот ешалон немаме директори, и подолу можеби има уште нешто. Сакам да кажам дека се уште нема доволно верба во ромската заедница, да им се дадат функции коишто се одлучувачки и кои имаат буџет. Не можеш да правиш некаква политика, ако немаш буџет. Ако сум некој советник, може да имам супер идеи, но сум само советник, и немам буџет со кој можам да располагам. Можам да кажам дека треба да се изградат три објекти со социјални станови, за да се вдомат бездомници коишто се Роми, но кога немам буџет, треба да молам некого. И пред овој состав имаше Роми министри без ресор, но немаа буџет. Тие беа само како декор, и да ги задоволат политичките апетити.

На Ромите не им се остава доволно простор да работат за Ромите. Ромите треба да бидат дел од таа одлучувачка со буџет политика, затоа што најдобро ги знаат проблемите, посочува Муратов.

Во однос на бројките на ромското население што излегоа од последниот попис и одредените изразени незадоволства од исходот, Муратов вели дека нема да дозволи некој во негово име да лицитира и преговара за тие бројки.

Ние во ЦИВИЛ во изминатиот период имавме многу дебати и истражувања што се однесува до пописот на населението. Во периодот по одложувањето на пописот, имаше ромски организации кои во име на Ромите делеа  пакети, за да им го подигнат чувството на ромска припадност. Но откако изборите се одложија за октомври, а пописот се одложи за септември, тие пакети одеднаш престанаа да ги делат, и чувството на ромска припадност тука застана.

Бројките се тие, јас верувам во пописот, верувам во статистиката, затоа што пописот е статистика, не е политика. За жал, сега дел од политичарите коишто „во име на Ромите“ ќе лицитираат со бројки. Јас не сум бројка, како индивидуа, јас сум личност која што ги ужива истите права со сите други етнички заедници. Ако ние целиме кон едно општество кое ќе биде еднакво и праведно, јас нема да сум бројка и процент. Ако некој сака да ме претстави како бројка и процент, за потоа да седне на маса и да преговара во мое има за тој да си се смести некаде, зборувам за политичарите, нема да застанам зад него и да кажам лицитирај и преговарај во мое име, порача Муратов.

Д. Т.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ