Трет ден продолжија демонстрациите против руската агресија во Украина пред руската амбасада во Талин. Овој пат, неколку десетици Естонки, голи од половината надлолу, премачкани со „лажна“ крв се собраа пред зградата на амбасадата за да го свртат вниманието на злоставувањето на жените и децата од страна на руските војници во Украина, пренесува ЕРР.ее.

Пораката на организаторите на протестот беше следнава:
„Руските војници силуваат и убиваат невини жени и деца во Украина. Луѓето кои ја поддржуваат оваа војна ги поддржуваат и воените злосторства, предизвикувајќи убиства на кои се соучесници. Тоа е нашата порака до поддржувачите на режим на Путин (во Русија, Естонија и насекаде).